- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Активистки додаваат женски хероини на Википедија на македонски

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Добри вести, Жени и род, Историја, Книжевност, Медиуми и новинарство, Уметност и култура, Човекови права

Неформалната група граѓанки „Бори се женски“ (@borisezenski [1]), организираше мини маратон за додавање статии за важни жени од Македонија на Википедија со цел да ја подигнат свеста за женските права и родовата еднаквост.

Како дел од иницијативата, активистки работеа [2] во рамки на прославата на Меѓународниот ден на жената [3] насловена „Прво, па женско“ [4] (пародија на популарната балканска изрека со која се истакнува важноста на првородените машки деца „Прво, па машко“), а им се придружија и активисти кои придонесуваа од дома, координирајќи се преку хаштаговите #ЖенскаАрхива [5] и #WikiFem [6].

A Facebook photo of the initial Female Archive team, whose description displays links to the new articles, garnered hundreds of likes/shares.

Слика на Фејсбук [7] од основниот тим на Женска архива која генерираше стотици лајкови или споделувања. Во описот на сликата се поставени линковите кон новите статии.

Активистите кои, според нив, се бореа „против заборавот“ успејаа да создадат 40 написи во текот на еден ден, со кратки биографии на важни жени, почнувајќи од првите феминистки [8] и активистки за човекови права [9] од почетокот на XX век, преку жени-борци за слобода во НОБ [10], до современи научнички [11] и уметници [12].