После долго исчекување, конечно се случи. Кубанската влaда заврши со потребата за излезна виза – есенцијално со државната дозвола – да се замине од државата. Блогерите, многу од нив од Кубанската дијаспора, ги споделуваат своите мислења за овој нов развој.
Havana Times (блог на островот) во овој контекст напиша:
Кубанците повеќе нема да имаат потреба од излезна дозвола и покана од нивната планирана дестинација за да им биде дозволено да патуваат.
Владата на кубанскиот председател Раул Кастро во средината на февруари објави планови за укинување на патничките рестрикции, кои беа едни од најпосакуваните реформи меѓу граѓаните на Комунистичката земја..
Од понеделник, на Кубанците им треба само валиден пасош и виза од нивната земја на дестинација за да можат привремено да патуваат во странство.
Под новата легислатива, на Кубанците исто така ќе им биде дозволено да останат во странство до 24 месеци, споредено со 11-те месеци до сега.
Понатаму, имигрантите кои нелегално ја напуштиле Куба од 1994 исто така ќе им биде дозволено да се вратат.
Остана несигурно дали на квалификуваните професионалци, како кубанските доктори и нивните најценети атлетичари, ќе им биде дозволено патување во странство без рестрикции. Истите сомнежи остануваат и за државните дисиденти.
Таквите ризици привлекоа критицизам од неколку блогери од дијаспората, иако потегот би можел да значи полесни посети на членови на фамилијата кои биле одделени со миграција или егзил. Бабалу, на пример беше скептичен:
Кубанските вести изутринава беа преплавени со репортажи на наводните миграторни реформи на диктатурата на Кастро кои стапија на сила вчера на островот. За најголемиот дел, новинарите го третираат овој настан како пресвртен момент во 50+ годишната историја на тиранија во Куба. Ова наспроти фактот дека режимот на Кастро се уште целосно контролира кој може и не може да замине од Куба и нема реални индикатори дека „реформите“ ќе реформираат многу од било што. Сепак, на медиумите не им треба многу убедување кога станува збор за рекламирање на великодушноста на диктатурата на Раул Кастро и оваа несигурна сторија е добра колку и сите други стории на кубанската диктатура како изговор за приредба на забава.
И покрај тоа, доказот, како што тие викаат, ќе биде во пудингот.
Белешки од кубанскиот прогонет кварт објавија медиумска изјава од Џон МекОлиф (од Фондот за помирување и развој, којшто блогерот го опишува како лобист „за залагање помеѓу владата на Обединетите Држави и диктатурата во Куба“), во која тој изјавил дека „Куба сега обезбедува поголема слобода на патување суштински за сите нејзините граѓани отколку што тоа го прави САД“.:
Со целосна почит кон Г-дин МекОлиф, но горенаведената изјава не е родена од фактите и ќе му донесе исмевање од многуи Кубанци. На пример, на Роса Мариа Паја не и беше дозволено од кубанската влада да патува до Чиле помеѓу 8-ми јануари се до 15-ти во Сантијаго, Чиле. Не се само Кубанците кои ја оспоруваат неговата изјава.
Владата на Обединтете Држави не врши рестрикции на докторите и атлетичарите кои патуваат надвор од земјата. Ова е прв пат кога медиумите и „кубанските експерти“ рипнаа кон објавување на соопштение од режимот на Кастро додека ги игнорираа вестите кои се контрадикторни на нивното оптимистично утврдување.
Постот заклучи:
Без разлика дали прашањето е за цензура или слобода за патување, режимот во Куба има направено многу бука, но основните полиси за контрола и репресија остануваат не допрени.
Промените донесени од кубанската диктатура се нови правила за истата стара игра: држење на моќта.
Кубанците Капитол Хил, во меѓувреме, се поврзаа со мејнстрим медиумска статија која препорачува дека има непредвидени – и многу веројатни царински трошоци поврзани со миграционото право. Долж Малекон, сепак, беше надежен и искористи твит од дисидентот Јоани Санчез (на кој постојано му е одбивана патничка виза) како оправдување за неговиот оптимизам:
Куба се развива секогаш толку споро – секако не доволно брзо за некои- но се менува.
Последниот доказ:
Познатиот кубански блогер Јоани Санчез вели дека нејзе ќе и биде дозволено да ја напушти земјата и да се врати, под новите имиграциони правила кои стапиле на сила на 14-ти јануари.
Санчес го твитна нејзиното задоволство:
Дали ќе биде ова нашиот Берлински ѕид кој паѓа? Не знам!
Еден од твитовите на кој блогерот се повикува без сомнение е оваа новост:
@yoanisanchez: #Cuba Calculo que en la 1ra semana de febrero tendre mi pasaporte y ya podre viajar… cruzo los dedos. Cuando este en el avion lo creere!
@yoanisanchez: #Cuba Пресметав дека до 1та седмица од февруари ќе го добијам пасошот со кој ќе можам да патувам… прекрстени прсти. Ќе поверувам кога ќе бидам во авионот!