Чиле: Бездомници во Сантијаго

Како и во многу градови во светот, и во Сантијаго, Чиле, студените зимски месеци се истоштувачки и опасни времиња за бездомниците.

Алехандро Рустом, соработник на веб-страницата за граѓанско фотоновинарство Демотикс, ја изложува реалноста на бездомниците во чилеанскиот главен град и истакнува како група граѓани се обидува да помогне.

Алехандро пишува:

Во подрачјето Франклин во Сантијаго де Чиле, има групи на луѓе кои живеат на улиците кои немаат шанса да живеат под пристоен покрив. Тие преживуваат на маргините на општеството.

Група на професори, студенти и родители на универзитетот Терезијан организираа групи за да ги посетат овие луѓе, да им донесат храна и облека. Нестор Чавез Гера, професор и претседател на педагозите во училиштето, смета дека најважната работа е да се слушаат нивните проблеми и потреби за да им се обезбеди повеќе помош секоја наредна посета.

„Бездомна жена седи на клупа во парк.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

„Бездомник се смее.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

Рустом покажува како некои бездомници во Сантијаго се обидуваат да заработат за живот:

„Мариа, сиромашна жена која заработува продавајќи кафе, чај и кифлички.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

„Бездомник заработува за живот собирајќи хартија.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

Тој, исто така, ги фотографира како се снаоѓаат да преспијат и како прават напори за да се засолнат од студот:

„Бездомник спие на земјата со неговите кучиња.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

„Урбано живеалиште направено од фрлени материјали и пронајден мебел.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

На крајот, Рустом доловува како група граѓани се обидува да промени нешто во животите на бездомниците на Сантијаго:

„Девојка нуди храна на бездомник.“ Фотографија на Алехандро Рустом, авторски права Демотикс.

Можете да погледнете повеќе слики во дводелните серии на Рустом за бездомниците во Сантијаго: Чилеанските бездомници преживуваат на улиците – Сантијаго, и Во слики: Бездомни Чилеанци преживувајќи ја ноќта.

Сите слики се под авторски права на Демотикс. Прочитај повеќе за партнерството помеѓу Глобал Војсис и Демотикс.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.