- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Гватемала: Првата дама ја најавува својата кандидатура за претседател

Категории: Латинска Америка, Гватемала, Граѓански медиуми, Жени и род, Избори, Политика
[1]

Фотографија од владата на Гватемала под Криејтив Комонс лиценца, Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови

Беше покажана нетолерантност преку медиумите, кога сопругата на претседателот, Сандра Торес [2], изјави дека таа ќе ја води официјалната партија во изборот за претседател [2]. Но, овие коментари не се нови; говор на неодобрување и омраза од страна на нејзините критичари се рашири уште пред таа да ја објави нејзината кандидатура.

На Фејсбук има најмалку две страни насочени против Торес: едната е за луѓето кои ја мразат Сандра Торес [2], a другата страна е за оние кои не ја прифаќаат нејзината кандидатура [2] – неодамна имаше повеќе од 21 000 „лајкови“. На Твитер, истото чувство е искажано со хештагот #novotoporSandraTorres [3] (Нема да гласам за Сандра Торес). Коментарите на Фејсбук и Твитер се однесуваат на нејзините погледи, нејзините „злобни намери“ и како таа би можела да стане гватемалска верзија на аргентинската Евита Перон [2].

Критиките на блоговите се фокусирани на две теми: Општествените кохезиски програми коишто таа ги води и членот во Уставот на Гватемала со којшто се забранува нејзината кандидатура.

Нејзините општествени програми

Ел Кранч Чапин [2] остро ги критикува нејзините општествени програми и вели дека повеќе би гласал за Лаура Бозо [2], домаќинка на перуанската емисија за разговори, „Лаура во Америка“, отколку за неа.

Cierto, las dos son unas “mujeres del pueblo” pero a diferencia de la esposa del presidente, Laura Bozzo en su programa no les regala una bolsa solidaria a la cada persona de la clase baja. Ella en cambio les da un CARRITO SANWICHERO. Lo que significa que en ves de regalarle las cosas, así por así, les da trabajo para que esta gente solita salga adelante y no se acostumbre a vivir de promesas vacías.

Вистина е дека и двете се „жени на народот“, но за разлика од сопругата на претседателот, Лаура Бозо во нејзината емисија не ѝ дава „солидарна вреќа“ на секоја личност со ниски приходи, туку им дава „количка со сендвичи“. Тоа значи дека наместо да им дава на луѓето само нешта, таа им дава работа, така што тие можат самите да работат и да не се навикнат да живеат од празни ветувања.

Постои оправдана загриженост дека таа ќе ја злоупотреби нејзината положба како лидер на Советот за општествено единство и дека ќе го присили народот да гласа за неа. Блогот Santa Cruz Barillas [2] известува дека некои луѓе од Северна Гватемала биле измамени кога членови на персоналот на првата дама ги предупредиле дека мора да гласаат за неа доколку сакаат да ги задржат своите општествени придобивки. За жал, поврзаноста во селските области е многу мала и за инциденти како овие известуваат само мали дигитални медиуми, како блогот Santa Cruz Barillas [2].

Меѓутоа, важно е да се забележи дека другите кандидати изјавија дека ќе продолжат со своите општествени програми.

Уставна пречка

Новинарот Жозе Валдизан коментира дека според Уставот забрането е роднина на претседателот да стане претседател. Меѓутоа, тој додава и дека Уставниот суд може да го толкува текстот на флексибилен начин, со што ќе ја овласти Сандра Торес да учествува на изборите, како што Судот направи и во минатото со поранешниот диктатор, Ефраин Риос Монт [2]. Овие погледи ги споделува Луис Фигуеро во Carpe Diem [2], кој исто така ги нагласува нејзините ниски резултати во неодамнешното гласање, во коешто таа освои само 11% од гласовите.

Мајк на Централната американска политика [2] објаснува,

Од една страна, уставот ја забранува кандидатурата на Торес, бидејќи таа е близок роднина на претседателот (член 168 [2]). Од друга страна, адвокатите на Торес може да потврдат дека нејзе ѝ е дозволено да се кандидира, бидејќи во Уставот има друга клаузула со којашто се гарантираат правата на сите да учествуваат на изборите. Не може да му се забрани на некој да се кандидира за претседател поради тоа што негов близок роднина претходно ја имал таа положба (Washington Post [2]). (Извинете, вие не можете само да речете дека моите адвокати ми кажале дека тоа е законско. Каде сме го слушнале тоа претходно [2]?)

Ниту претседателот Колом, ниту Сандра Торес, не кажаа многу во врска со уставноста на нејзината кандидатура освен тоа што не е загрижувачка. Меѓутоа, Уставниот суд на Гватемала најверојатно ќе одреди дали Торес може да се кандидира.

Сандра Торес има огромен број поддржувачи од непривилегираните сектори. Но, тие поддржувачи тешко може да добијат глас и место во социјалните мрежи. Поврзаноста во Гватемала е 10 % и само неколку домаќинства во селските области поседуваат компјутер. Понатаму, до локалните заедници може полесно да се допре со радијални мрежи на нивен јазик. За време на изборите, кампањата ќе биде многу различна онлајн и офлајн.