- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јордан: Затвор за пет јордански новинари

Категории: Популарен напис, Среден Исток и Западна Африка, Јордан, Закон, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Слобода на говор

Пет јордански новинари беа осудени [1] на три месеци затвор, во два посебни случаи, поради кршење на законот во нивната земја. Јорданските блогери се изјаснуваат против овој последен напад на слободата на изразувањето.

Според организацијата Меѓународна размена на слободно изразување, „два од најголемите дневни весници во Јордан, „Ад-Дастур” и “Ал Араб Ал Јам”, се соочија со презир од судството поради објавувањето на вест за тужбата поднесена од еден Јорданец против одлуката на еден судија да му го одземе државјанството“ во првиот случај. Во вториот случај, написот на еден сатиричар за Високиот совет на медиумите судот го сметаше за клевета.

Пишувајќи за Црниот ирис на Јордан, Насим Таравна [2] прашува:

Кога неговото вечичество Кралот Абдула пред извесно време изјави дека „нема ограничувања [3]“ кога станува збор за слободата на печатот, мислам дека всушност немаше таква замисла.

Што да кажам повеќе?
Ништо.

Ментал Мејхем [4] е гневна поради оваа ситуација и пишува:

Одамна изгубив надеж за слободата на печатот во Јордан. Не можам да се сетам точно кога, но мислам дека влегов во редовите на потиснатите јордански новинари во моите рани дваесетти. Многупати пишував за повредите на слободата на печатот на овој блог, но веќе ми здосади. Навистина, до кога? Работите изгледа одат од лошо кон полошо.

Таа додава:

Од кога известувањето за еден судски случај претставува злочин во Јордан? Збунета сум.

Лина Еџејлат [5] ги поставува следниве прашања:

Значи незаконски е печатот да дебатира за судските пресуди. Но не ми е потполно јасно на што точно ова се однесува. Нели и онака постојано ги критикуваме намалените казни за т.н. злосторства за честа? Дали и тоа е противзаконско?

Секако, сите ние сакаме да живееме во земја во која никој не е над законот, но тоа не значи дека законот е совршен ваков каков што е и дека не може да се преиспитува. Коментирањето, критикувањето или придржувањето кон законот не се исклучуваат меѓусебно.