- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Африка: Светски фудбалски куп 2010 – 100 дена одбројување…

Категории: Граѓански медиуми

Дами и господа, овде e! Одбројувањето започна и ќе ја преминеме психолошката бројка од 100 дена (во овој момент бројка од 83 дена) кои остануваат до почетокот. ФИФА Светскиот фудбалски куп стана најочекуваниот спортски настан во блиската историја не само заради неговата големина туку и затоа што се одржува на најшарениот континент на светот – Aфрика!

Додека западните медиуми сè уште се сомневаат во способноста на Јужна Африка да го одржи турнирот и се потсмеваат на континентот, јужноафриканските власти се подготвени да известат за новостите на 2-ри март,од кога почнува точното одбројување за почетокот на овој извонреден настан.

Што треба да направи Јужна Африка за да го убеди светот дека е подготвена?: [1]

Морав да се запрашам, што друго треба да стори Јужна Африка за да го убеди светот дека е не само подготвена, туку и способна да го дочека и тоа добро Светското Првенство?

Тој продолжува:

Значи, одбројувањето нема ништо со подготвеноста на екипите, туку има за цел да не опомене за најголемиот спортски спектакл на планетата. Во оваа смисла, Јужноафриканците можат да бидат сигурни за мојот глас. На Јужноафриканците им е толку свртен животот кон Светското првенство, што долго по завршувањето на натпреварите (само еден месец), она што ќе остане ќе биде одлично.

Блогот Бла Бла [2] го става во перспектива (секако попрактично) фокусот на веењето на знамето за 2010 во Јужна Африка, настан кој е славење на оваа важна етапа,

Затоа, 2-ри март е означен како ден на којшто Јужноафриканците,овде и во странство, се повикани да го покажат нивното воодушевување за првенството и да ја искажат нивната страст за земјата и за прекрасната игра.

Едно интересно истражување [3], од блогот Безбедност на патиштата во Јужна Африка, покажува дека 85 % од Јужноафриканците веруваат дека земјата е подготвена да го одржи првенството:

Висок процент (85%) Јужноафриканци ги поддржуваат подготовките околу Светскиот куп, се појави во последниот „ барометар 2010 на Африкански одговор“ – истражувајќи ги перцепциите за подготвеноста околу Светското Првенство на поголемите градови во Јужна Африка.

Како и да е, Јужноафриканците се свесни за фактот дека сè уште има работа да се заврши околу првенството и 61% се согласуваат дека треба да се насочиме кон организацијата на полицијата и безбедноста, доколку сакаме нашите посетители да го напуштат нашиот брег со добар впечаток за нашата земја.

SouthAfrica WorldCupBlog е сатиричен во постот насловен како – Еве, доаѓаат дебелите мачки на ФИФА [4]:

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер им се придружи на многу други достоинственици за славењето на 100 дневното одбројување кое е во Дурбан. Извршниот шеф на локалниот Комитет за организација, Дени Џордан ќе биде присутен заедно со претседателот на Собранието Кгалема Мотланте.Други славни учесници се и Џеј Џеј Окоча, Роџер Мила, Марк Фиш и Хосам Хасан.

Се нагласуваат и прашањата со коишто сè уште се борат организаторите, посебно со прашањето за инфраструктурата на стадионот(ите):

„Последните грижи се околу квалитетот на површините за игра кои се достапни на стадионите и на некои од базите за тренинг, одбрани од екипите-учеснички.“… Терените се влажни и преполни со вода, така што англискиот ФА го задолжи Ричард Хајден, од Институтот за истражувања на спортски тревни терени, да работи на подобрување на нивната состојба. Тој ја заврши толку добро работата, што ФИФА го назначи да работи на сите проблематични терени во тренинг-камповите.

Според Soccerway.com, Јужна Африка сè уште ги охрабрува обожавателите [5] за 100-те дена кои остануваат:

Претседателот Џејкоб Зума, во состојбата во којашто е нацијата, им наложи итно на локалните власти да купуваат повеќе билети и да го поддржат првенството, во чест на бившиот претседател Нелсон Мандела, којшто лобираше да се одржи Светскиот Куп овде. Мандела беше централната личност во помагањето на државата за да се добијат правата за одржување на овој голем настан. „Затоа, ние мораме да направиме од Првенството огромен успех, во негова чест,“ рече Зума. „Инфраструктурата, безбедноста и логистичката поддршка се најважни за да се осигури успешен турнир.“

„Ќе направиме одличен Светски Куп,“ изјави блогот The Times Online [6]:

Растечката возбуда на нацијата може да се осети и Јужна Африка ќе му покаже на светот за што е способна Африка. Ние сме држава со многу социјални предизвици, но ќе направиме одличен Светски Куп.

За крај, блогот BushRadio дискутира за настаните кои се организирани за да се обележи приликата [7]:

„Заменик-претседателот ќе се придружи на големата јавна прослава во градското собрание на градот Дурбан, каде што низа настани ќе овозможат да се вкусат бојата и енергијата на Светското Првенство на ФИФА.“
И исто така,
За да се обележи денот екипата Бафана-Бафана ќе одигра пријателски натпревар со соседната Намибија во среда навечер, со почеток од 20:30часот. Гостите ќе одиграат меѓународен пријателски натпревар, по 6-2 и 3-0 победи над Свазиленд и Зимбабве, соодветно.