
Судењето за геноцид на Риос Монт во Гватемала. 19 март 2013. Фото: Џејмс Родригез, употребено со дозвола.
Документарниот фотограф Џејмс Родригез сподели фото-есеј со „слики од првиот ден од историското судење против поранешниот де факто диктатор Ефраин Риос Монт и поранешниот директор на разузнавањето Хозе Маурицио Родригез Санчез. Риос Монт и Родригез Санчез се обвинети за геноцид и злосторства против човештвото во текот на граѓанската војна во Гватемала (1960-1996) против мајанскиот народ Иксил“.