Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јапонија: Граѓански видеа од земјотресот

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за Земјотресот во Јапонија 2011.

За восхит е личноста која ја оставила камерата вклучена, додека земјата се тресе под неа. На YouTube се популарни снимките кои граѓаните ги направиле на 11 март, за време на земјотресот и цунамито, кои предизвикаа масовен пустош во поголем дел од Јапонија. Овие се само неколку од многуте кои се објавени онлајн.

Денот на големиот земјотрес

Вработените во супермаркет во Токио ги држеа полиците за време на земјотресот кој траеше подолго од минута.

Додека земјотресот ги тресел куќите, луѓето бегале надвор на улиците.

Овие луѓе, од повисоки места, гледаат како цунамито го зафаќа пристаништето Иока во Чиба Префектура.

На станицата Шињуку во Токио, 11 март, ова се луѓето кои не можеле да се вратат дома по земјотресот.

Два дена подоцна

По земјотресот, човек кој ја преживеал катастрофата во Иока, Чиба Префектура, на 13 март изјавил: “Како бранот да поминал низ град”.

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за Земјотресот во Јапонија 2011.

Од јапонски преведе Томоми Сасаки.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.