- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Супер сила: BBC и Global Voices

Категории: Идеи, Медиуми и новинарство

Големо задоволство ми е да соопштам за заедничкиот проект помеѓу Global Voices и BBC news [1] како дел од сесијата SuperPower (Супер сила) на BBC [2], која стартува на 08.03.2010.

Изминатава година беше особено уочлива во однос на зголемување на интеракцијата помеѓу мејнстрим медиумите и граѓанското новинарство. Настаните од Мумбаи [3], Молдавија [4], Иран [5], Хаити [6]а сега и Чиле [7]се само неколку примери во кои светот е желен да оствари директен и непосреден контакт со луѓето во криза во локален контекст. Овие граѓани можеби имаат блогови, Twitter профили и мобилни телефони со години, но само во последнава година, мејнстрим медиумите ги усвоија наративните граѓански медиуми како интегриран елемент во нивното новинарското известување.

Кога Global Voices беше создаден на Беркман центарот за интернет и општество [8] на Харвард универзитетот, пред 5 години, иницијативата се фокусираше на граѓаните од земјите во развој и во заедниците каде што не се зборува англискиот јазик, кои почнуваат да користат блогови за да градат мостови за луѓе од различни култури и земји. Што може да се научи од читање и преведување на зборовите на онлајн дисиденти во Кина? Што може да биде стекнато од читање на блоговите на арапските жени? И како може Global Voices да ги охрабри мејнстрим медиумите да го препознаат вредностите и придобивките од изворни интелигентни и локално ценети блогери во нивните извештаи.

Со текот на годините, ние во Global Voices станавме блиски партнери и пријатели со организации, како Routers [9], BBC, СНН, La Stampa во Италија [10] и многу други. Во исто време, интернет пристапот се зголеми така што го достигна прагот на свеста и учеството во повеќе земји. Во земјите каде што само пред неколку години, бројот на блогови можеше да се изброи само на една рака, сега има илјадници граѓани кои пишуваат нешто, ги кажуваат нивните приказни и го документираат светот околу нив. Животот и заедниците се променија како резултат на ова. Во агрегат, интернетот сруши многу работни принципи на масовните медиуми во социјалните и политичките комуникации, создавајќи повеќекратни, вкрстувачки платформи за луѓето да зборуваат, да учествуваат и да организираат.

Во Global Voices ние постојано бараме нови начини за дополнување на циклусот вести и развиваме нови платформи за да се потенцира како глобалните граѓани комуницираат во нивните светови. Ние имаме виртуелна, редакција за обични граѓани создадена од повеќе од 200 талентирани и креативни индивидуи [11] од земјите што ретко можете да ги слушнете во вестите.

Кога последен пат се сретнав со удреникот на веб-сајтот на BBC News, Стив Херман [1], во јуни 2009 година, разговаравме за тоа како да соработуваме околу истражување на улогата и ефектите на граѓанските медиуми низ светот, со фокус на тоа како локалните перспективи можат да влијаат на глобалните вести.

Од тогаш, согледавме дека мејнстрим медиумите ги покриваат главните конфликти, како што е Иран во голем дел низ очите на граѓанските содржини.
Идејата дека граѓанското новинарство е некако се спротивставува или е во конфликт со традиционалното новинарство е сега минато; Евидентно е дека и двата постојат во симбиотична врска еден со друг, со многу можности за соработка во создавање на вести, приказни и дистрибуција на содржината.

За две недели, ние ќе ги истражуваме можностите за да се стават овие соработки во пракса. Главниот уредник на Global Voices, Солана Ларсен ќе ја посети редакцијата на BBC во Лондон [12]. Ќе ги додаваме линковите од граѓанските медиуми во рамките на BBC вестите, додека споделуваме стории кои ќе бидат важни во иднина, од нашата редакција со уредници и новинари од BBC. Од првите борбени редови на онлајн битките за слобода на изразувањето до секојдневните стории за јазикот, културата и секојдневниот живот во странски блогови, ние со нетрпение очекуваме да го споделуваме нашето најдобро со една поширока публика.

Иван Сигал е извршен директор на Global Voices Online.