- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Француски муслимани: Од колонизација до државјанство

Категории: Франција, Историја, Религија, Филм

Во време кога франкофона Африка ја слави 50 годишнината од својата независност [1] од Франција или Белгија и со несмирениот татнеж на дебатата за „национален идентитет“ [2] како позадина, новата генерација француски креатори на документарци одлучија да се справат самите со себе, како муслимани и француски државјани, што значи да се биде двете во секуларна Франција. Mуслимани од Франција [3] [француски] беше пуштен на францускиот канал Франс 5 на 23 февруари. Во видеото подолу, Карим Mискè, еден од директорите, најпрвин појаснува како тие ги дефинирале „Француските муслимани“ [4] (француски):


Интервју со Карим Миске (Прв дел) [5]
од Phares-Balises [6]

Тој, исто така, потсети на една статија на веб-сајтот Rue89, Mамо, што е тоа муслиман? [7], како тој самиот открил дека е „различен“:

1972. Имав осум години и живеев во Париз. Еднаш неделно во мензата, бевме послужувани со кисела зелка. Го мразев тоа, а жените … злобно ме погледнуваа, коментираа … Не разбирав.

Една вечер, ја прашав мајка ми, која рече дека нешто многу чудно: жените ми се лути, бидејќи мислат дека нема да јадам свинско месо поради мојата религија.

Блогерите во Франција реагираа на новата перспектива и темелната истрага.

Блогерот Ménilmontant, mais oui madame… [8] го поздравува перформансот:

[ТВ станица] Франс 5 на 23 февруари емитуваше со релативно добра публика меѓу … Француските муслимани. Гледајќи ги сите три дела … можеше да биде премногу за некои. Околу 400 000 гледачи од 20 часот и 35 минути скоро до полноќ …

На Твитер @FreeBEEz [9] рече дека овој успех се должи на фактот што е:

Добар француски документарен филм за муслиманите, по дебаклот на #identitenationale [10](националиот идентитет). Одлична приказна, детална анализа #mdf [11]

Блогерот Med’in Marseille [12] пишува :

Франција не може да ја избегнува сопствената историја, а муслиманите се дел од неа. Но, што значи „да се биде муслиман во Франција“…

За да одговори на ова прашање, документарецот е поделен на три дела, како што пишува Oливие Барле на Africultures.com [13] :

Сите три филма следат строг редослед … три наслови за да се одвива приказната: Локални жители (колонијализам: 1904-1945), Имигранти (пост-колонијализмот: 1945-1983), Французи (од 1983).

Med’in Marseille [12] ни кажува повеќе:

… Историска епска новела за повеќе од 100 години, почнувајќи во 1904 година … кога првите слики станаа кинематографски употребливи, но и доаѓањето на првиот бран работници, до 2007 година …кога Рашида Дати [14], Рама Јад [15] и Фадела Амара [16] беа назначени во владата.

Овој документарец го опишува Муслиманот како „граѓанин“, едноставно „Французин“ …

Документарецот го покажува „Муслиманот“ како социолошки „елемент“, „категорија“, а не религиозен „ентитет“. …

… Земајќи ги предвид сите муслимани, или оние кои се сметаат за такви, иако атеисти, агностици или едноставно непрактиканти.

Оливер Барлет од Africultures.com [13] објаснува повеќе:

… Сетете се … кога започна северноафриканската миграција: од крајот на 19 век, работниците од Kaбилија учествуваа во изградбата на областа и илјадници алжирски и марокански работници беа регрутирани во рудници на Pas-de-Calais. … Ентузијазмот на францускиот народ за африкански војници од Големата војна … Филмот го покажува напорот на војниците да ги почитуваат сопствените обичаи (храна, погребни ритуали, места за поклон), но исто така како беа наредени во низа за да спречат каков било контакт помеѓу Французите и локалните жители.

… Тоа двојно чувство на љубов и омраза, ќе биде и сè уште е врска која трае, врска која јавноста ја открива со вчудовидување, иако повеќе од 400 000 Северноафриканци ќе го преминат морето помеѓу 1921 и 1939 година. Токму во Франција ќе се појават повеќето националистички лидери, во контрадикторни односи со Франција, земја со окупаторска власт, а не само со вредности и знаење.

... ”Мarche des Beurs [17]” во 1983 ги докажа не само корените, туку и врската меѓу децата на имигрантите и Харки [18], кои се соочуваат со истата дискриминација и кои имаат заедничка култура. … Староседелците се сега Французи.

Конечно, избор на пораките во живо на Twittter во текот на емитување кога луѓето ги изразија своите чувства:

@cduportlawyer [19] ние научивме многу од овој документарец. А сепак, никогаш не сум пропуштил час по историја… #mdf [11]

@Donjipez [20] приказната за војната со Алжир е комплицирана. Веројатно подлога за многу нешта #mdf [11]

@megaconnard [21] ниту еден филм не ме довел до корените како овој, а не сум Муслиман #mdf [11]

@foued [22] делот со Рашида Tаха [23] и Carte de Sejour [24] беше … запрепастувачки. Осумдесетти, Арапите се закон 🙂#mdf [11]

@motazaline [25] B.Coquatrix „Пред да одат во Мека, муслиманите треба да го видат Umm Kulthum [26]“ Франс5 #mdf [11]