Терористички напад во ресторан во Бамако, главниот град на Мали, ги одзема животите на 5 луѓе во петокот вечерта, 6 март. Нападот се случи околу полноќ во ресторан наречен Ла Тераса во центарот на Бамако, a неколкумина се сериозно повредени. Двајца осомничени се во притвор и се испрашуваат од безбедносните сили. Локален полицаец изјавил дека двете индивидуи биле вооружени и со качулки. Едниот влегол во ресторанот и отворил оган. Тројца жители на Мали, еден Французин и еден Белгиец настрадале. Локален блогер прикачи видео на кое се гледа како доаѓаат полициските сили да го истражат местото на злосторот:
Придонесувачот за Глобал војсис Marc- André Boisvert напиша на Твитер дека ваквите напади биле неизбежни, земајќи предвид дека Мали се уште се обидува да го одржи мирот во северниот регион:
Сите знаевме дека тоа ќе се случи во #Bamako. Сите знаевме дека улицата #BlaBla ќе биде мета. Но, сепак сме шокирани #Mali
— Marc-André Boisvert (@boisvertma) 7 март, 2015
Сите знаевме дека тоа ќе се случи во #Bamako. Сите знаевме дека улицата #BlaBla ќе биде мета. Но, сепак сме шокирани #Mali
— Marc-André Boisvert (@boisvertma) 7 март, 2015
Филипе Паолета, жител на Бамако, се согласува со Marc-André:
Сите одамна мислеа дека ова е неизбежно да се случи во #bamako. Тоа не го прави чинот помалку шокантен и ужасен. Rip
— Phil Paɔlεtta (@philinthe_) 7 март, 2015
Сите одамна мислеа дека ова е неизбежно да се случи во #bamako. Тоа не го прави чинот помалку шокантен и ужасен. Rip
— Phil Paɔlεtta (@philinthe_) 7 март, 2015
Нашите мисли се со жртвите на нападот.