- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Над 200 академици потпишаа изјава за поддршка на анти-хунта професор од Тајланд

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Образование, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права
Somsak Jeamteerasakul. Photo from Prachatai website. [1]

Сомсак Џиамтеерасакул. Фотографија од веб-сајтот Prachatai.

Над 200 академици од целиот свет се потпишаа [2] на изјавата во знак на поддршка на историчарот и професорот на колеџ Д-р Сомсак Џиамтеерасакул кој неодамна беше отпуштен од Универзитетот Тамасат. Тајландскиот академик, кој предава веќе две декади, е критички настроен кон владата на хунтата која ја зграби власта во мај 2014.

Изјавата го повикува универзитетот Тамасат и други високо образовни институции да се придржуваат до академската слобода и слободата на изразување:

Да се размислува поинаку не е криминал. Доколку некој не е во можност тоа да го практикува помеѓу ѕидовите на факултетот, простор на учење и потрага по вистината, тогаш просторот тоа да се прави надвор од овие ѕидови исто така ќе се намали.