Над 200 академици потпишаа изјава за поддршка на анти-хунта професор од Тајланд

Somsak Jeamteerasakul. Photo from Prachatai website.

Сомсак Џиамтеерасакул. Фотографија од веб-сајтот Prachatai.

Над 200 академици од целиот свет се потпишаа на изјавата во знак на поддршка на историчарот и професорот на колеџ Д-р Сомсак Џиамтеерасакул кој неодамна беше отпуштен од Универзитетот Тамасат. Тајландскиот академик, кој предава веќе две декади, е критички настроен кон владата на хунтата која ја зграби власта во мај 2014.

Изјавата го повикува универзитетот Тамасат и други високо образовни институции да се придржуваат до академската слобода и слободата на изразување:

Да се размислува поинаку не е криминал. Доколку некој не е во можност тоа да го практикува помеѓу ѕидовите на факултетот, простор на учење и потрага по вистината, тогаш просторот тоа да се прави надвор од овие ѕидови исто така ќе се намали.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.