Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Венецуела: Првите реакции за смртта на Хуго Чавез

На 5ти март, 2013 година, светот дозна за смртта на претседателот на Венецуела – Хуго Чавез Фриаз.

Спред TeleSur, заменикот претседател Николас Мадуро „даде изјава за радијата и телевизиите додека се наоѓаше во воената болница Карлос Арвело во Каракас, во која сподели дека во 16:45 истиот ден, 5ти март, командантот и претседател почина.“

Откако победи на изборите на 7ми октомври, 2012 година, Чавез отпатува за Куба за да биде опериран и да проследи серија на медицински третмани поради неговата борба со ракот. Неговата состојба се влоши, поради тоа, тој не беше виден во медиумите од декември.

На Твитер може да ги следите ставовите на нетизените преку зборовите Murió Hugo Chávez [што на шпански значи: умре Хуго Чавез], Nicolás Maduro, и преку хаштагот #MuereChávez [шпански за Хуго Чавез умре].

Со оглед на неговата позната анти-империјалистичка идеологија, колумбискиот писател Хектор Абад (@hectorabadf) пишува:

@hectorabadf: Lo cierto es que Chávez sí inoculó el chavismo por toda América Latina.

@hectorabadf: Вистината е дека Чавез влеа чавизам низ Латинска Америка.

За тоа време од Венецуела, Нелсон Бокаранада (@NelsonBocaranda) го сподели своето сочуство:

Miles marcharon en apoyo al presidente Chávez en enero, mientras seguía bajo tratamiento en Cuba. Foto de Jesus Gil, copyright Demotix

Илјадници маршираат во знак на поддршка за претседателот Чавез во јануари 2013 додека тој се уште следеше третмани за рак во Куба. Фотографија на Хезус Гил, авторски права на Demotix

@NelsonBocaranda: Hugo Chávez Frías 1954-2013. Paz a sus restos y nuestro sentido de pésame a sus familiares y seguidores.

@NelsonBocaranda: Хуго Чавез Фриаз 1954-2013. Мир за неговите остатоци и најискрено сочувство до неговата фамилија и следбеници.

Маурисио Родригез (@MauricioRG28) го покажува својот восхит кон работата на Хуго Чавез:

@mauricioRG28: Hombre sin tiempo ya eres eterno.Has entregado todo a la construcción de una patria incluyente y justa. Por eso, Comandante,tu pueblo te ama

@mauricioRG28: Безвременски човеку ти си веќе вечен. Даде се од себе за да изградиш инклузивна и само земја. Поради тоа, команданту, луѓето те сакаат.

Артуро Казал (@ArturoCazal) е исто така благодарен:

@ArturoCazal: Qué puedo decir. Seguiremos adelante. Luchando, amando… Gracias comandante Chávez

@ArturoCazal: Што би можел да кажам. Продолжуваме напред. Борејќи се, сакајќи… Благодарам команданту Чавез

Роберто Хуан Кармона (@SelenioE) го смета Чавез за бесмртен:

@SelenioE: Chávez es eterno, Chávez no estará nunca en una tumba.

@SelenioE: Чавез е вечен, Чавез никогаш нема да биде во гроб.

Андреина Маркез (@mintina) зборува за поларизацијата која ја посеа Чавез:

@mintina: Lo único que deseo es que Hugo Chávez se lleve con él todo el odio que sembró. Adiós.

@mintina: Само посакувам Хуго Чавез со себе да ја понесе сета омраза која ја посеа. Збогум.

Лоурдес (@lourdes_g) мисли дека е време Венецуелците да ја земат назад својата земја:

@lourdes_g: Ова е вашата шанса… излезете на улица и земете ја назад својата земја! 

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо (@atoledomanrique) на Твитер изјави:

@atoledo: Es la hora de la Democracia y del pueblo venezolano. Descanse en paz, Presidente Chávez.

@atoledo: Време е за демократија и за венецуелскиот народ. Почивај во мир, претседателу Чавез.

Хенрике Каприлес (@hcapriles), претставник на венецуелската опозиција, повика на единство:

@hcapriles:En momentos difíciles debemos demostrar nuestro profundo amor y respeto a nuestra Venezuela!Unidad de la familia venezolana!

@hcapriles: Во тешки времиња треба да ја покажеме нашата длабока љубов и почит за Венецуела! Единство за венецуелската фамилија!

РЈ Гомез на Фејсбук напиша:

Ojala que ahora El y el pueblo de Venezuela puedan tener paz.

Се надевам дека Чавез и венецуелскиот народ сега може да имаат мир.

Хривалера (@Yri_27) ги поканува нетизените да покажат почит кога ги споделуваат своите мислења:

@Yri_27: #MuereChávez y la gente burlándose. ¿Qué importa si no eras Chavista? Es un ser humano y merece respeto.

@Yri_27: #MuereChávez [Чавез умира] и луѓето се шегуваат. Кој го интересира дали сте чавист? Тој е човек и заслужува почит.

Конечно, неколку претседатели од Латинска Америка го изјавија своето сочуство преку Твитер:

Хуан Мануел Сантос (@JuanManSantos), Колумбија:

@JuanManSantos: Lamento profundamente la muerte del presidente de Venezuela Hugo Chávez Frías. Nuestras sinceras condolencias… http://twiffo.com/1JJy

@JuanManSantos: Длабоко жалам за смртта на венецуелскиот претседател Хуго Чавез Фриаз. Наше искрено сочувство… http://twiffo.com/1JJy

Оланта Хумала (@Ollanta_HumalaT), Перу:

@Ollanta_HumalaT: Adiós Comandante y amigo Hugo Chávez. Mis sentidas condolencias a su familia y a todo el pueblo venezolano.

@Ollanta_HumalaT: Збогум команданту и пријателу Хуго Чавез. Мое искрено сочувство до фамилијата и венецуелскиот народ.

Ево Моралез, претседателот на Боливија, изјави дека „олигархиите, империјата, сигурно слават“ според Си-Ен-Ен Мексико (@CNNMex). Аргентинскиот претседател Кристина Фернандез прогласи национална жалост, вклучувајќи и знамиња на половина јарбол. Себастиан Пињера, од Чиле, изјави: „Се разликувавме, но научив да ги почитувам силата и посветеноста со која Хуго Чавез се бореше за своите идеи“.

Додека во Венецуела на војската и на полицијата им беше наредено ангажирање, илјадници мисли беа споделени онлајн, многу од нив фокусирани на претстојните промени во демократијата на земјата. Весникот El País од Колумбија објави мултимедијална временска рамка со 36 настани кои го одбележаа животот на претседателот Чавез, нарекуван лидер на социјализмот на 21виот век.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.