Eгипет: Користење на Твитер за поздрав живот

Може ли Твитер да се користи за да се спаси животот на луѓето или да се подобри нивното здравје? Во текот на судирите на Плоштадот Тахрир во Египет кои се случија минатиот месец, профилот на Твитер (@TahrirSupplies) беше креиран поради организирање на достава за медицински средства за теренските болници поставени од волонтери во и околу плоштадот, како и храна и други потребни средства. Од друга, Хелти Еџипт Типс беше поинаква иницијатива на група волонтери кои во август отворија Твитер профил (@HealthyEgypt) со цел да даваат совети за подобрување на здравствената свест во Египет.

Еве еден од нивните совети:

@HealthyEgypt: Во просек, неколку мали порции кафе на интервали, служат подобро за да ве одржат будни и фокусирани отколку една голема шоља кафе.

Тие, исто така, одговараат на прашањата на луѓето, помагаат иницијативи од корисниците, и шират сексуално образование онаму каде културата прави да е срамно да поставувате прашања поврзани со сексуалното здравје.

Кои сте вие и кажете ни повеќе за вашата иницијатива?

Ние сме група на волонтери, иницијативата започна со мојата сопруга Иман Исмаил и јас Карим Мосад, а потоа ни се придружи пријател кој е доктор, д-р Ахмед Ибрахим.

Во вашата биографија пишува дека делите 100% веродостојни и потврдени информации. Затоа мораме ве прашаме: Дали вие и вашата сопруга сте доктори? Како нормално ги добивате вашите медицински информации, ги потврдувате, и им одговарате на прашањата на луѓето?

Мојата сопруга и јас сме здравствени активисти и ентузијасти. Ние сè уште не сме доктори, но работиме во општествена служба веќе некое време. Имаме еден код на однесување поврзан со секоја медицинска информација што ја обезбедуваме за нашите следбеници, а тоа е дека треба да ја провериме два пати, со проверување на повеќе од еден извор на веродостојни здравствени веб-сајтови или потврдување преку „Ахмед Ибрахим“ кој е третата личност (доктор), кој ни помага во оваа иницијатива.

Дали сметката е спонзорирана од некој трговски субјект или некоја НВО? На пример забележав дека понекогаш се повикувате на брендовски имања. Дали некако сте поврзани со нив?

Сè уште не сме официјално спонзорирани од трговци или НВО. Како и да е, добивме неколку понуди, но сè уште не бевме подготвени за тој чекор.

Колку долго ја кревате свеста он-лајн? Имате ли планови да се залагате надвор од Твитер, како што се Фејсбук, блоговите, итн.?

Започнавме во август, околу средината на Рамазан и одговорите на следбениците беа доста импресивни, ги купивме „www.healthyegypt.org и www.healthyegypt.net“, а моментално сме во фаза на програмирање на нашиот веб-сајт кој ќе го лансираме наскоро.

Исто така, забележавме дека вие твитате речиси единствено на англиски? Не планирате да твитате на арапски? Не мислите ли дека англискиот некако ќе ја ограничи публиката во Египет?

Апсолутно сте во право, понекогаш твитаме на арапски, но не редовно, а дефинитивно е во нашите планови со веб-сајтот кој ќе биде и на двата јазика со што би можеле привлечеме повеќе посетители.

Исто така добиваме позитивен фидбек преку Твитер од луѓето кои пишуваат колку таквите информации им помагаат и ја поткренуваат свеста за недопрени прашања.

Ова е еден начин на кој се користи Твитер за да се поткрене здравствената свест во општеството. Ако знаете некои други он-лајн проекти поврзани со здравството, ве молиме информирајте не.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.