Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Сеќавање на првиот интернет затвореник во Тунис

Зохар Јахјау од Тунис, секогаш ќе биде познат помеѓу туниските активисти како човек кој го жртвуваше својот живот за борбата за слобода на говор.

Јахјау, кој пишуваше под името Ettounsi или The Tunisian и имаше диплома за економски науки и интернет новинарство, на 2 јуни 2000 година ги имаше покането читателите на својот сатиричен сајт TUNeZINE да гласаат за тоа дали Тунис е „република, кралство, зоолошка или затвор“. Многу набрзо после тоа тој беше уапсен од полицијата во интернет кафе, без налог за притвор.

Во ноември 2003, Јахјау беше ослободен од затвор откако помина 18 месеци затворен и на 13 март 2005 тој почина од срцев удар на возраст од 36 години. За време на неговиот престој во затвор, Јахјау неколку пати протестираше со глас против условите во затворот и неговите поддржувачи тврдеа дека тој бил изложен на тортура.

За да ја одбележи годишнината од неговата смрт, The Network of Tunisian Bloggers for Free Blogging(Мрежа на туниски блогери за слободно блогирање) не потсетува на првиот интернет затвореник во Тунис:

تمرّ اليوم 4سنوات على رحيل زهير اليحياوي مؤسس موقع “تونزين”، وقد توفي الفقيد على إثر نوبة قلبية وهو لا يزال في ريعان شبابه.
دخل السجن في ربيع 2002 ودفع غاليا ثمن تشبثه بالدفاع عن الحرية مستعملا في ذلك التقنيات الحديثة التي وفرتها شبكة “الأنترنيت”، وهو ما جعله يصبح رمزا للنضال على الشبكة.

كان ولا يزال يمثل نموذجا للمناضل والمدافع الصلب عن قضايا الديمقراطية ـ و قد دخل عدة مرات في اضراب عن الطعام للمطالبة بتحسين وضعه داخل السجن دون أن تستجيب الادارة العامة للسجون لمطالبه وقد أثرت ظروف اعتقاله على صحته التي تدهورت

Пред четири години, Зохар Јахјау, креаторот на веб сајтот Tunezine не напушти поради срцев удар, иако беше млад. Тој помина време во затвор во 2002 година и плати за неговата решеност да ја брани слободата, користејќи ги модерните техники на „интернетот“, што го направи симбол на борбата на интернет.
Тој беше и ќе биде пример за активистите и бранителите на демократијата. Тој протестираше со глад неколку пати со цел да се овозможат подобри услови во затворот, но Јавната администрација на затворите не одговори на неговите барања. Условите во затворот влијаеја на неговото здравје, кое се влоши.

И ситуацијата во Тунис изгледа се влоши по смртта на Јахјау. Тунискиот блогер и уредник на Global Voices Advocacy , Семи бен Гарбија известува за случувањата со репресијата на интернетот во неговата земја во овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.