Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Добредојде во Лингва фамилијата за македонскиот, албанскиот и германскиот јазик

Lingua Albanian Lingua Macedonian Lingua German

Глобал Војсис Лингва со задоволство ви го најавува официјалниот старт на македонскиот, албанскиот и германскиот јазик. Со ова се започнува ново поглавје.

Од отпочнувањето на Лингва, успеавме да собереме огромна група на уредници-ентузијасти и волонтери кои ќе ја преведат својата пасија во зборови. Поради нивните драгоцени напори, Глобал Војсис е достапен за повеќе луѓе и на повеќе јазици низ светот. Исто така, Лингва ја прикажува разновидноста и разнообразноста на повеќејазичната глобална мрежа.

Овие преведувачи (не е машински превод!) го придонесоа своето време и интелигенција за да ја исполнат мисијата на Глобал Војсис – да се „осврнува кон места и луѓе коишто останатите медиуми често ги игнорираат “. Преведувачите помогнаа во привлекување нова публика за Глобал Војсис.

Сега, Лингва има дузина верзии на кои се преведува. Секако, ова не е доволно! Постојат многу други јазици кои што сè уште не се покриени со Лингва и ова е целта кон која што се движиме. Се повеќе јазици ќе се појавуваат. Добредојдени сте да ни се приклучите! Ако сте заинтересирани да се вклучите, ве молиме посетете ја страницата на Лингва за повеќе информации и контакти.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.