Уште откако Македонија прогласи независност од Југославија во 1991, нејзиното име е причина за горчлива расправија со нејзиниот јужен сосед, Грција. Грција тврди дека користењето на името „Република Македонија“, како што Македонија се нарекува во својот устав, не само што го нарушува грчката историско и културно право на името, туку и подразбира сопственост на провинција во северниот дел на Грција, исто така наречена Македонија.
Како замена, Грција и Обединетите Нации, продолжија да ја именуваат Македонија со „Поранешна Југословенска Република Македонија“ . Како што истакнува поранешниот B92 блогер Луси Мур (Lucy Moore), „Тоа е ужасно долго име за толку мала земја, но може да ја викате ФИРОМ како кратенка“. На ова таа додава: „Со опседнатоста на Грција со име од третиот век пред нашата ера, српското 1389 барање за Косово одеднаш изгледа поразумно“.
Слика од Тигертвет, користена со дозвола
Сега спорот со името може да го загрози влегувањето на Македонија во Европската Унија и НАТО, во кои Грција е членка. Покана за влез во НАТО се очекува на самитот на организациите, кој ќе биде одржан во Будимпешта во април, а после прогласувањето на независноста на Косово, македонски функционери велат дека на земјата и е потребно членство во безбедносната организација, а подоцна и во Европската Унија, за да ја задржи стабилноста.
Меѓутоа, Грција се закани со вето на македонското членство ако не го промени своето моментално име (Република Македонија). Во однос на НАТО, Македонија се надева на старт на преговорите со ЕУ во есен, базирано на извештајот за напредок од ЕУ, објавен минатата недела. Единствениот проблем би можело да биде, повторно, нејзиното име. Во светот на ЕУ Високиот комесар Оли Рен, „Ако не можеме да го решиме ова прашање, за жал ќе имаме негативни последици [за ЕУ проширувањето].“ Балкан Бејби ги повикува двете страни брзо да најдат компромис за задржување на стабилноста во регионот, со повеќе флексибилност од страна на Грција:
Со оглед на моменталната нестабилност која го опфаќа целиот балкански регион, изгледа многу неодговорно од Грците, како релативно влијателна земја, да се обидуваат да го спречат прогресот на Македонија, сиромашна, но демократски земја, која за разлика од Србија сака да се доближи до западот и да придонесе стабилност. Грчкото спротивставување најверојатно ќе ги разбесни македонските националисти и ќе доведе до повторување на крвавите судири, кои се случија во 2001, против албанското малцинство. Изгледа дека е време Грција да отстапи од својот пиедестал и да заземе поодговорна и достоинствена улога во регионот, нешто што подолго време го одбегнува со своето промовирањето како средоземна нација, наместо како дел од Балканот. Како одбрана, можеби Македонија треба да побара од Грција да го промени своето име во Поранешна Отоманска Грчка Република Атина.
На блогот на Динеке, Антропологија, тој ги објаснува во долги црти индикациите за проблемот со името, објаснува зошто двете страни имаат право над името:
Центарот на спорот е во користење на придавката „Македонец“. Придавката има географско значење, означува човек кој доаѓа од географскиот регион на Македонија. Меѓутоа, за жителите на ФИРОМ, има и етничко значење, бидејќи многу жители на Македонија кои говорат словенски јазик се сметаат себеси за Македонци во етничка смисла. […]
-Грчкиот народ оправдано сака да ги оспорат ексклузивните права на името Македонија , бидејќи ФИРОМ опфаќа само дел од Македонија: географски – северниот дел; генетски – потомци на Македонската крв; лингвистички – словенски дијалект од македонскиот регион.
-Луѓето од ФИРОМ оправдано сакаат некакви права над името Македонија: населиле делови од Македонија; го говорат Македонскиот дијалект од словенските групи; и тие се сметаат себеси за посебна нација од другите Балкански Словени.
Демострации во Солун за промена на името на Република
Македонија. Слика од Папалицио, под Криејтив комонс лиценца
И Македонските и Грчките блогери многу се погодени од проблемот со името, кој надворешни надгледувачи како Greater Surbiton, тешко го разбираат:
…можеби за ментално здрава личност ќе тешко да разбере што се случува тука: замислете Англичаните да започнат борба со Велшаните за тоа дали Будика била ’англиска‘ или ’велшка’, или со Французите за тоа дали Ричард Лавовско Срце бил ’англиски‘ или ’француски‘. Замислете Французите да се закачат со Германците за тоа дали Карло Велики бил ’француски‘ или ’германски‘. Ниедна зрела, демократска нација не би презела вакво нешто. Од друга страна во 21 век очигледно е возможно проширувањето на НАТО и стабилноста на Балканот да биде загрозена од такво прашање. Всушност, импликациите се уште поопасни: ако Словени не смеат да го користат наследството на Александар Велики, дали граѓаните на Велика Британија со потекло од Западноиндиските острови или Азија смеат да го споделат наследството на Будика или Ричард Лавовоско Срце? Дали на германските Евреи им е дозволено да го споделуваат наследството на Фредерик Барбароса, или италијанските Евреи наследството на Јулиј Цезар?
Дипломатскиот претставник на ЕУ Метју Нимиц , кој е задолжен за решавање на спорот помеѓу Македонија и Грција, беше многу зафатен минатиот месец, преговарајќи го пронаоѓањето на име прифатливо за двете страни. Тој неодамна предложи 5 алтернативни имиња и имаше состаноци со претставници од двете земји. Предложените имиња се : Уставна Република Македонија, Демократска Република Македонија, Независна Република Македонија, Нова Република Македонија и Република Горна Македонија. Предлозите не беа добро прифатени: низ неколку Македонски блогови циркулираа петиции против промена на името, илјадници луѓе протестираа во Македонија, а постоеја и слични демонстрации во Солун.
Блогот Кажи: Македонија, чиј автори сметаат дека „е основно човеково право да се избере сопствено име и да се изјасни својата националност“, го коментираат најпопуларниот предлог помеѓу медиумите во Грција во отворено писмо до дипломатскиот претставник на ЕУ Метју Нимиц:
Во однос на „ Горна Македонија “, бидејќи грчката влада ја изрази својата подготвеност да се согласи на ова име (Како што известуваа грчките медиуми), треба да биде истакнато дека ова име е недоследно со официјалниот предлог. Ако постои „Горна Македонија“, тогаш логички постои „Долна Македонија“. Имајќи го ова на ум, како може грчката влада да се согласи, помеѓу другите работи, дека името „Република Македонија“ има иредентистички барања на северниот дел на Грција, а името „Горна Македонија“ нема?
Македонското знаме над Охрид
(Слика од ртв2007, користена со дозвола)
Како што се наближува самитот на НАТО во Април, времето поминува за постигнување договор помеѓу Скопје и Атина за решавање на 17-годишниот спор, па неколку блогери предложија неколку алтернативи за решавање на спорот. Еве една идеја од грчкиот блогер Еугениа Лоли-Кверу:
Најдобро решение е да се спојат двете земји во една. Именувајте ја „Македонија и Грција“ или „Македрција“ или „Грционија“, стварно не ми е важно. Поентата е дека овие две земји имаат повеќе заедничко отколку што мислат. Античките Македонци биле многу слични во нивната култура и религија со остатокот од Грција. Потребна е храброст за да се спојат две земји, а тоа е сторено во минатото, и може да биде направено повторно, мирно. […]
Мојот финален аргумент е следниов: двете култури го обожаваат Александар Велики и секоја го посакува за ексклузивен херој. Сепак, се што сакаше Александар за двете земји е обединета Македонија-Грција. Немајќи ја мудроста за соединување по 2500 години, ниеден од вас не го заслужува за херој.
Други блогери како Флориан Бебер мислат дека, како последица на предлозите за името на Македонија, генерално од републиките треба да побарува да додаваат значајни, описни придавки на своите имиња:
„Мала Република Црна Гора“
„Нешто Како Демократска Република Србија“
„Демократска Федерална и Некогаш Конфедерална Република од Три Еднакви Рамноправни Луѓе и Никој Друг – Босна и Херцеговина“
Сега дури постои и група на Фејсбук каде може да придонесете во наоѓање на решение на спорот, со предложување на соодветни придавки за Македонија, меѓу кои постојат предлози како Пост-Модерна Република Македонија, Дури не ни Далечна, дури ни малку, Хеленска Република Македонија или Ајварска Република Македонија.
Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!