- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужноафриканците сакаат нивната влада да „ги тргне рацете“ од социјалните медиуми

Категории: Супсахарска Африка, Јужна Африка, Граѓански медиуми, Политика, Слобода на говор, Човекови права, Адвокс
[1]

Сиромашен кварт во Јужна Африка. Граѓаните на Јужна Африка сакаат нивната влада се фокусира на прашања како што е, подобрување на животот на граѓаните. Извор на фотографијата: http://tokolosstencils.tumblr.com/. Искористено со дозвола

Јужноафриканскиот министер за државна безбедност Давид Махлобо предизвика шок и лутина помеѓу корисниците на социјалните медиуми во земјата по неговата изјава [2] дека владата размислува за регулирање на социјалните медиуми во борбата против лажните наративи и ширењето лажни вести [3].

Иронично, на владеачката партија Африкански Национален Конгрес (АНК) на Махлобо и претходеа бројни скандали минатата година  [4]кои ја поврзуваа со веб сајтови за лажни вести [5] кои промовираа позитивни вести за владата, пропагандистички ботнети [6] кои се користат да го префрлат фокусот подалеку од контроверзностите во владата, и „прикриена“ кампања за локалните избори [7] наменета да ги ослабне кампањите на опозициските партии и да ја засили про-АНК агендата на социјалните медиуми.

На брифинг за медиуми [2] кој се одржа на 5 март 2017, министерот Махлобо додаде дека социјалните медиуми станале место на негативни и „лажни“ ставови и додаде дека „дури и најдобрите демократии“ ги регулираат социјалните медиуми.

Јужноафриканците веднаш реагираа кон неговата изјава на твитер со хаштагот #HandsOffSocialMedia [8] (#ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми). Тие го обвинија министерот Махлобо, претседателот Зума и владеачката партија Африкански Национален Конгрес (АНК) дека се обидуваат да го контролираат изразувањето и дискурсот во земјата.

#ЛажниВести од приватни корпорации и владино регулирање на социјалните медиуми има иста цел: контролирање на социјалниот дискурс #ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми

– Елиот (@ElliottTheElite) 6 март 2017 [10]

Фридом Хаус, организација од САД која ги мониторира човековите права и прашањата поврзани со демократија низ целиот свет, во својот извештај Слободата на интернет од 2016 го оцени „Статусот за слобода на интернет“ на Јужна АФрика [11] како „слободен“, додека на медиумите во земјата им даде оцена „делумно слободни“ [11]. АНК доминира со политичкиот пејзаж во Јужна Африка уште од првата целосна изборна трка, и пост-апартхејд изборите во 1994.

Ние имаме 99 илјади проблеми и социјалните медиуми не се еден од нив #подалекуодсоцијалнитемедиуми

– ЗС НЕЛ (@fana_lemane) 6 март 2017 [13]

Ако беше до Зума Јужна Африка веќе одамна ќе беше офлајн … #ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми

— Swing Voter (@NosiphoKhulu) 6 март 2017 [15]

#ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми Тие сакаат да ни диктираат што да мислиме. Тие сакаат да ги контролираат нашите умови преку контролирање на пристапот до информациите кои ги имаме на располагање.

— Nhlanhla (@NbizaroNhlanhla) 6 март 2017 [16]

Јужноафриканскиот радио водител и твитер корисник Miss.V твитна:

Слобода на Изразување…Проверете во Уставот ако сте заборавиле…#ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми

— Miss.V (@azolav) 6 март 2017 [17]

Слободата на изразување е заштитена во секција 16 [18]од второто поглавје од уставот на Јужна Африка, каде се вели „секој има право на слобода на изразување, вклучително и слобода на новинарите и другите медиуми; слобода да се добиваат или пренесуваат информации и идеи; слобода на уметничка креативност; и академска слобода и слобода на научно истражување.“

Употребата на социјалните медиуми е во брз раст во Јужна Африка, која има популација од 55 милиони жители. Според извештајот Пејзаж на Социјалните Медиуми од 2016 [19] на „World Wide Worx“, Јужна Африка има 13 милиони Фејсбук корисници, 7.4 милиони Твитер корисници, 8.28 милиони корисници на ЈуТјуб и 2.68 милиони корисници на Инстаграм. И платформите на социјалните мрежи стануваат сè попопуларни алатки за политичко изразување и дебатирање. Хаштазите, на пример, станаа еден од најпопуларните начини  [20]за организирање протести, покренување на движења и изразување гнев во врска со политичките одлуки во државата.

#ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми социјалните медиуми се начин за граѓаните од ЈА да ја држат владата отчетна за нејзините постапки. Не може да се сокрие под тепих

— Mario (@marioigrec) 6 март 2017 [21]

Драг Махлобо. Прво регулирајте ги корупцијата и криминалот пред воопшто да размислувате да се мешате во нашите кориснички профили на социјалните медиуми #ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми

— Yolandi Serfontein (@TheRealYolandi) 6 март 2017 [22]

Во 2014, претседателот Зума доби судска наредба [23] да врати 16 милиони американски долари пари на даночните обврзници потрошени на неговиот приватен дом. Тој врати 542,000 американски долари во 2016. Скандалот го „следи“ претседателскиот мандат на Зума [24] и предизвика неколку неуспешни обиди за импичмент на опозицијата.

КОГА ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА ОВА? @MYANC [25] #ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми pic.twitter.com/DDGGLdGU86 [26]

— TweetGuru (@JustKholii_) 6 март 2017 [27]

Зума одрекува дека примал мито, и поднесуваше жалби против пресудата. Tweet Guru (Твитер Гуру), како што самиот се опишува – влијателна личност на социјалните медиуми, базиран во Кејп Таун, исто така го сподели неговиот коментар:

#ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми накратко. pic.twitter.com/I4qwFUphGX [28]

— TweetGuru (@JustKholii_) 6 март 2017 [29]

Тхато Лепхол ги потсетува Јужно африканците:

Јавноста исто така ја има моќта да ја регулира владата, тоа се вика гласање.

Меч со две острици. #ПодалекуОдСоцијалнитеМедиуми

— IG: thato_lephole (@thatolephole) 6 март 2017 [30]

Следните избори се закажани за 2019 година. АНК, кои ја предводеа борбата против владеењето на малцинството белци, ќе се соочи со две партии – Демократска Алијанса и Борците за Економска Слобода. АНК претрпе историски порази [31] од нив на претходните локални избори, минатото лето.

Постои растечки тренд помеѓу владите од Африка со скусување на онлајн слободата  [32]на информирање и изразување особено за време на избори или граѓански немири. Во напис за „Quartz Africa“, Абди Латиф Дахир забежелува дека [33] африканските влади сѐ повеќе ја нарушуваат комуникацијата на интернет со цел да го контролираат текот на информациите и „да држат капак врз гневот кој тлее под површината.“ Написот зазема став дека неочекуваните падови на интернетот кои се под директива на владата станаа правило наместо исклучок во 2016 на континентот.

Помеѓу државите кои го гасеа интернетот за време на избори или граѓански немири во Африка се Уганда, Бурунди, Габон, Камерун,  Демократска Република Конго, Гамбија, Зимбабве и Етиопија.