- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

[ВРЕМЕПЛОВ] Мароко: Политичка репресија во ерата на социјалните медиуми

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Протест, Слобода на говор, Технологија, Цензура, Човекови права, Адвокс
Moroccans demonstrate in Rabat on February 20, 2011 demanding political reforms and limits to the powers of the king. The demonstrations, held in around 20 locations around the country, demanded limits to the powers of King Mohammed VI. Photograph by KARIM SELMAOUI, used with permission.

Мароканци демонстрираат во Рабат на 20 февруари 2011 барајќи политички реформи и ограничување на моќта на кралот. Демонстрациите беа одржани на 20 локации ширум земјата. Фотографија од Карим Селмау (Karim Semaoui), употребена со дозвола.

Гонењето на седум истакнати новинари и застапници за човекови права во Мароко минатиот ноември, доведе до зголемени нивоа на интернационален надзор врз режимот на Крал Мохамед VI.

Додека го чекаме судењето на овие седум луѓе, вклучително и поранешниот директор за застапување на Global Voices, Хишам Алмират (Hisham Almiraat [1]), ние работиме како заедница за подобро да го разбереме политичкиот и социјалниот контекст за нивното гонење.

Пред сегашниот монарх, Крал Мохамед VI, да дојде на власт, Мароко беше многу мачно место за живеење и работа на новинарите. Кралот Хасан II беше меѓународно познат поради периодот наречен „Оловни години“ (англ. „Years of Lead [2]“) кој траел oд 60-тите до 90-тите години на 20-тиот век, за време на кој дисидентите кои биле отворени во своите искажувања, можеле да очекуваат притвор, затворска казна, па дури и погубување како одговор на нивните критики.

По надмоќта на сегашниот монарх Мохамед VI во 1999 година, работите се подобрија. Но во 2006 година, новинарите повторно почнаа да се соочуваат со последиците од нивната работа – и сега, заедно со нив, граѓаните ангажирани во политичи активизам на интернет, исто така станаа цели на гонење. Оттогаш овие групи станаа рутински цели на Мароканската власт.

2007: Расте тензијата кај новинарите 

Списанието „Nichane“ е затворено поради низа вообичаени марокански шеги кои беа објавени во него, а некои од нив се однесуваа на кралот. Новинарот и уредникот вмешани во тоа, се парично казнети и суспендирани [3].

Во истиот период, добро познатиот новинар Абубакр Џамаи (Aboubakr Jamaï), е казнет со прекумерна казна [4] за која владата знае дека тој не може да ја плати, со што доведе до принудно затворање на неговото неделно списание, „Le Journal Hebdomodaire“.

2008: Активистите на социјалните медиуми – на нишан

Фуад Муртада (Fouad Mourtada [5]) е уапсен за создавање интернет страница за поддржувачи на еден од принцовите на Мароко, и стана првата личност во Мароко гонета од обвинителството за неговите активности на социјалните медиуми. Муртада е осуден за „злобни практики поврзани со наводната кражба“ на идентитетот на принцот, и е осуден на затворска казна од 3 години. Неговата казна на крајот е намалена на 43 дена, поради јавни поплаки.

Мохамед Ераџи (Mohammed Erraji [6]) кој пишува сопствен блог, е уапсен поради натпис во арапското издание „Hespress“, во кое тој пишува дека, добротворноста на кралот кон неговиот народ ги поттикнува да останат беспомошни отколку напорно да работат. Тој подоцна е ослободен [7].

Во текот на следните неколку години, неколку списанија, вклучувајќи го и „Nichane“, се принудени да затворат [8] после привремена забрана [9] и потенцијален банкрот. Издавачот на „Nichane“ и „TelQuel“, Ахмед Бенчемси (Ahmed Benchemsi), ја напушта земјата за да избегне понатамошно гонење.

Millions of Moroccans demonstrate for reforms across the country. Photo by Magharebia via Wikimedia. (CC BY 2.0) [10]

Милиони Мароканци демонстрираат ширум земјата барајќи реформи. Фотографија од Magharebia преку Wikimedia. (CC BY 2.0)

2011: Мароко се придружува на арапските бунтови

Граѓаните на Мароко на улиците ширум земјата бараат ограничување на овластувањата на Кралот Мохамед VI и се приклучуваат на бранот граѓански активизам низ арапскиот регион. 

Владата враќа одговор преку реформи [11], и движењето 20-ти вевруари се смирува.

Работејќи со колегите, обвинетиот Хишам Алмират (Hisham Almiraat) ја  започна „Mamfakinch [12]“, алтернативна медиумска платформа посветена на прикривање на граѓанскиот отпор кон владината репресија.

2012: Зголемени нивоата на закана за активистите на социјалните медиуми

Mamfakinch е мета на малициозен софтвер [13] (malware). Во исто време, се зголемија апсењата на корисниците на социјалните медиуми [14].

Хип хоп изведувачот Муад Белгуат (Mouad “El 7aqed” Belghouat) е уапсен и осуден поради навреда на режимот, тужба поднесена врз основа на неговата позната песна „Dogs of the State“, во која тој ја споредува државната полиција со кучиња. Познат по своите контроверзни политички стихови, Муад (Mouad) имаше водечки глас [15] во рамките на Мароканското демократско движење.

Cover of TelQuel Magazine after the arrest of journalist Ali Anouzla.

Насловна страна на списанието TelQuel после апсењето на новинарот Али Анузла (Ali Anouzla).

2013: Се одржува регулација на Интернет

Новинарот Али Анузла (Ali Anouzla) е уапсен [16]поради поврзување со шпанскиот весник „El País“, кој, пак, беше поврзуван со видео на Ал Каеда. Неговиот случај продолжува.

Подоцна истата година, Мароко прави потези за регулирање на интернетот [17] со предлог законот познат како Code Numérique [17], со кој се бара ограничување на ставовите изразени на интернет, преку забрана за покажување непочитување кон кралот, режимот или јавниот ред.

2014: Активистите добиваат негативен одговор

Во април, на улиците на Казабланка, илјадници луѓе [18] излегоа за да го изразат своето незадоволство за работниот труд, социјалните и политичките проблеми, кои влијаат на младите луѓе во земјата. Уапсени се девет водечки членови на движењето 20-ти февруари (February 20 Movement [19]), демократското движење кое започна како последица и непосредно по Арапската пролет (Arab spring).

Раперот и видео-блогер Mouad “El 7aqed” Belghouat е повторно уапсен [20].

Во следното видео можете да ги видите Студентските активистички групи во Рабат, Казабланка и Мохамедиа:

2015: Правно прогонство на новинарите и активистите 

Апсењата и казните зачестија.

Март: Судот во Рабат го осуди [21] застапникот за слобода на печатот Хичам Мансури (Hicham Mansouri), еден од обвинетите, на 10 месечна затворска казна и парична казна од 4.057 американски долари, поради лажна прељуба, како што опишуваат неговите колеги. Мансури е проектен менаџер во „Мароканската асоцијација за истражувачко новинарство“ (Moroccan Association for Investigative Journalism (AMJI)), група која работи на промоција на слободата на изразување, пристап до информации и истражувачко новинарство. Пред неговото апсење, тој работеше на извештај во врска со наводен интернет надзор на активисти и новинари од страна на мароканските власти.

Април: На Mouad “El 7aqed” Belghouat [22] му е доделена наградата за уметници „Index on Censorship Freedom of Expression award“.

Мај: Министерството за внатрешни работи започна истрага [23] во врска со истражувањето  [24]на дигиталниот надзор и „Their Eyes on Me, [25]“ извештај со коавторство на „Друштвото за управување со дигитални права“ (Association for Digital Rights) со седиште во Казабланка и британската невладина организација „Privacy International“. Претходно кооснован и воден од страна на Хишам Алмират (Hisham Almiraat), еден од обвинетите во случајот.

Јуни: Судот на Казабланка го осудува [26] во отсуство директорот на новинската интернет страница badil.info, Хамид Мадауи (Hamid Mahdaoui). На Мадауи (Mahdaoui) му беше одложено издржувањето на затворската казна од четири месеци заради објавување  [23]на извештај за смртта на политичкиот активист Карим Лакар (Karim Lachkar) додека бил во притвор. Нему исто така, му беше наредено да му плати 10 милиони марокански дирхами оштета на шефот на генералниот директорат на националната безбедност, заедно со парична казна од 6000 дирхами.

Јули: Протекоа документи од масивното хакирање [27] на софтверската компанија за надзор „Hacking Team“. Овие документи открија дека мароканските власти потрошиле 3.1 милион американски долари на софтвер за надзор помеѓу 2009 и 2012 година.

Септември: Самад Иач (Samad Iach), еден од обвинетите, е испрашуван од страна на полицијата [28] поради неговото учество на тренинг часовите за употреба на StoryMaker, апликација за мобилен телефон, која им помага на новинарите да создаваат и објавуваат приказни.

2016

17 Јануари: Хичам Мансури (Hicham Mansouri) е ослободен од затвор [29].

27 Јануари: Започна судењето на седумтемина обвинети.

Дознајте повеќе:

#Justice4Morocco: 7 Defenders of Free Expression Face Trial [30]

Global Voices Community: We Stand With Hisham [31]

 

За најнови информации следете го хаштагот #Justice4Morocco на Твитер [32]

 

Hicham Mansouri and Maâti Monjib at press conference about their trial in Rabat. January 2016. Photo by Samia Errazouki. [33]

Хичам Мансури и Маати Монџиб на новинска конференција во врска со нивното судење во Рабат. Јануари 2016. Фотографија од Самиа Еразуки.