- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудиска Арабија: Добро документирана песочна бура

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Кувајт, Саудиска Арабија, Животна средина

Наоружани со камери и фотоапарати, блогерите од Саудиска Арабија ја документираа масивната песочна бура која се случи во главниот град Ријад, со која видливоста се намали само на неколку метри и го парализираше градот.

На YouTube, Riyadh Travels [1] [1]објави видео во кое се покажува како бурата се движи со голема брзина и во неколку минути го покрива целиот Ријад.

Riyadh Travels коментира:

Да се биде обвиен од песочна бура во буквално неколку минути е извонредно искуство да се доживее од прва рака. Беше чисто, сино небо… и во следите неколку минути облак од песок со видливост од само неколку метри.

MadridyО8 [2] објави видео од бурата исто така на YouTube:

Блогот Saudiwoman [3] објавува фотографии оф бурата и го запишува нејзиното искуство:

Денес имавме навистина лоша бура. Утрото никогаш не би претпоставил дека тоа ќе се случи. Излегов од дома во 7:30, а небото беше чисто и сино. Подоцна требаше да го земам мојот син од предавања и морав да возам директно во бурата. Можевте да ја видите како се приближува од хоризонтот. Пат што вообичаено трае 45 минути, траеше дупло подолго. Автомобилите одвај се движеа и се слушаа сирени. Пожарникарски, болнички и полициски коли ја следеа бурата. Веројатно тоа беше многу лош ден за луѓето со асма.

Life Thru Dusty Lens [4], кој исто така објави фотографии од бурата, забележува:

Песочната бура дојде ултра брзо. Небото стана жолто и темно во неколку минути.

Boyd Jones [5], кој беше во Ријад, исто така објави серија од фотографии започнувајќи со овој пост. Еве една од нив:

Песочната бура беснее во хоризонтот

Песочната бура беснее во хоризонтот

Majeed 99 [6] [арапски], од Саудиска Арабија, објави фотографии од песочната бура, кој тој ги собрал од различни извори, додека Џон Бургс од Crossroads Arabia [7] линкува до вести за бурата.

Во меѓувреме, кувајтскиот блогер Frankom [8]се жали:

Немаше воопшто дожд оваа година. Нашата зима е сува, нашето лето е суво, нашета пролет е сува, нашата есен е сува… но му се заблагодарувам на господ бидејќи нашата ситуација е подобра од други.