- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Молк за „Поголемиот Холокауст“

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Иран, Палестина, Сирија, Војни и конфликти, Историја, Меѓународни односи, Политика, Хуманитарен одговор, Човекови права

На 29 Февруари, израелскиот заменик-министер за одбрана Матан Вилнаи предупреди на „поголем Холокауст [1]“ на Палестинците. Сирискиот блогер Ајман [2], од блогот Дамасцин, прави споредба на молкот на светот за овој коментар и на метежот кој се создаде околу наводниот повик за „бришење на Израел од мапата“ од страна на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад [3].

Ајман (Ar) објаснува:

Светот стои и не седи кога Ахмадинеџад [3] зборува за бришење на Израел од мапата. Сите раководители на држави, весници, магазини, па дури и главниот на Обединетите Нации го коментираа овој настан, а иранските амбасадори од сите земји беа повикани на протест. Меѓутоа, кога официјален претставник од израелскиот парламент се закани [4] на нов Холокауст во Газа, темата беше игнорирана како да е не е важна.
Влада која тврди дека ги претставува луѓето кои ја преживееја агонијата на Холокаустот, сега и се заканува на друга нација за „поголем Холокауст“ – како што беше најавено од израелскиот министер. Покрај тоа, ова е тема која не предизвика осуда, или било каква реакција, дури и кога Израел се подготвува да ги имплементира своите закани.
Палестинците се изложени на етничко чистење и воени криминални злосторства, почнувајќи со масакрите и со групните прогонства во 1948. Работите на кои тие се изложени денес во однос на затворање на границите, санкции и убивање на цивили, е без сомневање слично на односот кон Евреите во Втората Светска Војна. Стана вообичаено за секој кој ја потпомага оваа споредба да биде познат како анти-семит (анти-евреин).