- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Државната изборна комисија на Мексико најави соработка со „Фејсбук“, а тоа фрла сенка на нејзиниот кредибилитет

Категории: Латинска Америка, Мексико, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Избори, Политика, Технологија, Адвокс

Фотографија од „Фликр“. CC BY 2.0

Мексиканците ќе излезат на избори за нов претседател и нови членови на мексиканскиот Конгрес во јули 2018. На локално ниво, нови гувернери ќе се избираат во 9 држави. Во трката за повеќе од 3400 јавни функции се смета дека овогодинешните избори ќе бидат најголемите во историјата на земјата [1].

Додека разните инволвирани служби и субјекти се подготвуваат за изборниот ден, една клучна институција, Националниот изборен институт [2] (НИИ), се пофали дека има еден специјален сојузник на овие избори: „Фејсбук“.

Во ерата на друштвените мрежи и растот на човечка интеракција преку Интернет, склучувањето сојуз со еден од најголемите Интернет гиганти за содржини и рекламирање како „Фејсбук“ би можело да има смисла за институцијата одговорна за организирање избори во Мексико. Консултантската фирма од Силициумската долина „Пивотал рисрч“ проценува дека „Фејсбук“ и „Гугл“ заедно имале половина од глобалните приходи од рекламирање [3] во 2017 година.

Но целта била друга, според НИИ, а тоа привлече уште повеќе внимание. Заеднички договор со компанијата од Силициумската долина ќе се справува со она што е познато како „лажни вести [4]“.

Во контекстот на претседателските избори кои се одржаа во 2016 година во САД, првиот сосед на Мексико, јавноста го осуди ширењето на таканаречените „лажни вести“ преку друштвените мрежи како „Фејсбук“, нешто за кое многумина велат дека му помогнало [5] на Доналд Трамп.

Со цел да се избегнат слични резултати во Мексико, НИИ ја најави [6] соработката со „Фејсбук“ на следниов начин:

El INE y Facebook México firmaron un convenio con el fin de promover la participación ciudadana en las elecciones del próximo 1 de julio.

A través de esta colaboración, además, se busca contrarrestar noticias falsas.

НИИ и „Фејсбук Мекско“ потпишаа договор со цел да ги охрабрат граѓаните да учествуваат во изборите на 1 јули 2018.

Со оваа соработка ќе се објави и војна на лажните вести.

Официјалната објава од НИИ ја презедоа [7] повеќе медиуми.

Од веб-страницата „Плумас атомикас [8]“ ја анализираа изјавата на НИИ, и потенцираа дека:

…el INE informó a través de un comunicado [9] que la participación de Facebook iniciará con la difusión de un material informativo dirigido a los usuarios de la red social que tiene la finalidad de facilitar la detección de fake news y así generar decisiones electorales mucho más informadas.

Преку изјава, од НИИ најавија дека учеството на „Фејсбук“ ќе започне со ширење информативни материјали до корисниците, во обид да им се помогне во детектирањето лажни вести а со тоа да се добијат многу поинформирани изборни одлуки.

Овие новости поттикнаа две клучни прашања во јавноста: Што опфаќа оваа соработка? И како ќе се одвива во пракса?

Секако, документот во кој се формализираше договорот помеѓу НИИ и „Фејсбук“ би можел да ги расветли овие прашања. Но кога од нив се побара јавно да го споделат документот, организаторите на изборите прво го одбија ова барање за транспарентност: од НИИ изјавија дека документот потпишан со „Фејсбук“ не може да биде обелоденет [10] поради клаузула за доверливост во самиот документ.

Сепак, во Мексико постојат закони за транспарентност според кои се објавува каков било договор потпишан од страна на владини тела со јавни или приватни субјекти. Заради ова, и по неколкудневниот значителен притисок од јавноста [11], НИИ го објави [12] документот потпишан со „Фејсбук ирланд лимитед“ (филијала на „Фејсбук инц.“).

Всушност, во овој документ не се спомнува ништо за таканаречените „лажни вести“. Во него се вклучени редица двосмислени изјави во кои единствениот субјект кој сноси одговорност по сѐ изгледа е НИИ.

Текстот веќе беше објавен, а некои корисници на друштвени медиуми помогнаа во обелоденувањето на содржината на документот:

Тајниот договор помеѓу НИИ и „Фејсбук“ објавен од „Ел универсал“.

Оние кои се упатени во оваа тема изразија зачуденост дека во овој документ (кој има седум члена на три страници) никаде ниту се спомнува прашањето за „лажните вести“ ниту начинот на кој би се бореле против нив, како што беше најавено од НИИ.

Џоел Х. Сантиаго напиша [15] цела статија на веб-страницата „Ла сила рота“ во врска со материјата во која тој истакнува:

El tema es que este convenio no dice nada de combatir las fake news, como afirmara Córdova Vianello [presidente del INE], y sí compromete con información proporcionada por el INE durante el proceso electoral y particularmente el día de las elecciones…

Проблемот е што во овој договор не се вели ништо за борбата против лажните вести, како што тврдеше Кордова Вианело [претседател на НИИ], и да, му се наложува на НИИ да обезбедува информации за време на изборниот процес и на денот на изборите…

Потоа, тој заклучи со прашања кои се однесуваат на работата на изборното тело:

¿Con pifias como esta van a llevar a cabo la organización y cuidado del proceso electoral 2018 en México?

Дали со вакви утки ќе продолжат да го организираат и набљудуваат изборниот процес во Мексико во 2018?

Што се вели во горенаведениот документ?

Условите за соработка помеѓу „Фејсбук“ и НИИ се опишани на следниов начин:

Durante el período de elecciones (del 30 de marzo al 1 de julio de 2018), Facebook tiene la intención (pero no la obligación) de hacer que algunos de sus productos de participación ciudadana estén disponibles en su plataforma para sus usuarios en México.

El día de las Elecciones, el Instituto proporcionará a Facebook información en tiempo real sobre los resultados de la votación.

За време на изборниот период (од 30 март до 1 јули 2018), „Фејсбук“ има намера (но не и обврска) да направи некои од своите производи за граѓанско учество да бидат достапни за своите корисници во Мексико.

На денот на изборите, Институтот ќе обезбеди информации во врска со изборните резултати во вистинско време на „Фејсбук“..

Некои корисници на друштвените медиуми почнаа да го обвинуваат НИИ за креирање „лажни вести“ бидејќи изнеле неточни тврдења во врска со природата на договорот со „Фејсбук“:

Значи, излезе дека НИИ дава лажни вести, со оглед на тоа што при откривањето на договорот со „Фејсбук“ видовме дека не се спомнува НИШТО за справувањето со лажните вести за кое се фалеа. Го изгубија кредибилитетот.

Х. Кабралес Роблес го опиша прашањето како „неуспех“ на мексиканската изборна комисија:

Лажните вести се најголемиот неуспех на НИИ и единствено нешто што направија е тоа што ги дадоа нашите информации, ајде да видиме дали нивната глупост ќе влијае на изборите.

Со тоа што документот потпишан помеѓу НИИ и „Фејсбук“ е веќе јавен, засега останува јасно дека компанијата нема формална обврска, ниту има покажано намера, да се справи со таканаречените „лажни вести“ за кои многумина зборуваа во последниов период.

Само за потсетување, не толку далеку од Мексико, во Хондурас, Конгресот расправа за закон [22] со кој се бара регулирање на ширењето на таканаречените „лажни вести“, исто така поврзано со изборни работи, исто така на нетранспарентни основи.