Глобално: Светски ден против онлајн цензурата

internet_bleuВо многу земји низ целиот светот, цензурирањето на интернетот е сѐ уште спорно прашање. Имајќи го тоа во предвид, меѓународната организација „Новинари без граници“ (RSF), на 12-ти март го одбележува Светскиот ден против онлајн цензура. По овој повод, организацијата „Новинари без граници“ ја издаде својата најнова листа на „Непријатели на интернетот“, во која што Кина, Саудиска Арабија, Виетнам и Тунис се најистакнатите земји „првенки“ во цензурирање на интернетот.

„Новинарите без граници“ ќе го слават Денот против онлајн цензура на 12-ти март. Овој настан се одржува со цел за масовно собирање на сите оние кои ќе ја поддржат идејата за единствен интернет – неограничен и достапен за сите. Исто така, намерата е да се привлече внимание на фактот дека, со креирање на нови простори за размена на идеи и информации, интернетот е еден вид на сила за ослободување. Меѓутоа, сѐ повеќе и повеќе влади го сфатија ова и реагираат со обиди да го контролираат интернетот.

Светски ден против онлајн цензурата низ светот

Јорданскиот блогер Насим Тараумнах на Black Iris ги поттикнува луѓето да се придружат на онлајн собирот за слобода на говор. Истакнува дека во текот на последните неколку години постојат индикации кои не наведуваат да веруваме дека земјата тежнее кон воведување на строги мерки за корисниците на интернетот, особено бидејќи постојат „идеи дека е можно владата да планира воведување на „Кибер закон“ за да ги контролира сите корисници на интернетот“. Се обраќа кон сите корисници на Twitter:

А моите колеги на Twitter, можам само да ги замолам да се соберат и да ги испратат постовите креирани на блогосферата или да ги испратат сопствените пораки за да го поддржат слободниот iнтернет. Можеби би можеле да искористиме еден единствен хаштаг или #FreeNetJo за да ги обединиме нашите твитови.

И како што Рами Рауф сумира на Global Voices Advocacy:

Дали верувате во слободата на говорот?

Дали сметате дека е нормално да има ваш профил или да бидете следени за времето поминато онлајн?!

Дали сметате дека имате право на нецензурирано интернет пребарување и блогирање?

Дали верувате во слободата на информирање? Право за слободен пристап кон информации?

Дали сакате да го браните интернетот без рестрикции и пристап за секого, секогаш и секаде?

Поддржете го Светскиот ден против онлајн цензурата, 12-ти март…

Раширете ја веста!

Арчана Верма, придонесувач на Global Voices напиша еден пост за замислите и мислењата на индиската блогосфера во врска со слободата на говорот и цензурата. Таа додава:

Индија не припаѓа во категоријата на „црните дупки на интернетот“, што значи дека индиските интернет корисници немаат напишано многу за тоа, бидејќи досега не се соочиле со овој проблем. Меѓутоа, постојат некои индиски блогери кои пишуваат за слободата на новинарството од различни гледни точки.

На Global Voices Online, обврзани сме да ги истакнуваме гласовите кои често остануваат неслушнати од страна на традиционалните и на водечките медиуми. Знаеме дека многу влади не им дозволуваат на своите граѓани да го користат интернетот слободно и јавно и често практикуваат цензурирање и регулирање на содржината. Подолу можеме да видиме некои од проектите на Global Voices кои ги поддржуваат слободата на говорот, кибер-активизмот и онлајн транспарентноста.

Global Voices Advocacy

Global Voices Advocacy е место каде што сакаме да изградиме една глобална мрежа од блогери и кибер-активисти од земјите во развој, која ќе се посвети на заштитата на слободата за изразување и слободен пристап до информации онлајн. На оваа веб станица, ќе имате пристап кон безброј проекти кои се наменети да им помогнат на луѓето да се борат против цензурирањето на интернетот и исто така да блогираат анонимно во подрачјата каде интернет корисниците често се напаѓани од страна на владата.

Threatened Voices (потиснати гласови)

Потиснати гласови е колаборативен проект за мапирање, со цел да се направи една база на податоци на блогери на кои им се заканувале, биле апсени или убиени бидејќи го искажувале отворено своето мислење и за да се привлече внимание на кампањите за нивното ослободување. Досега, Потиснати гласови, следи веќе од 213 случаи на уапсени и блогери на кои им се заканувале, како случајот на Ахмед Мостафа, студент по градежништво на Универзитетот Кафр ел-Шеик – првиот египетски блогер кој е осудуван на Воен суд заради неговото блогирање.

Мрежата „Технологија за транспарентност“

На другата страна на монетата, Мрежата „Технологија за транспарентност“ од Rising Voices, нова интерактивна веб страница која ги следи онлајн иницијативите кои ја промовираат транспарентноста, надлежноста и граѓанското учество во светот, е пример за тоа како слободата на говор може да помогне при набљудувањето на владите и да доставува точни и нецензорирани информации до граѓаните на земјите во развој, и исто така да ги набљудува движењата и дејностите на политичарите.

На веб страницата, адвокатката за човекови права и блогерка од Гватемала, Рената Авила, го претставува случајот на #InternetNecesario од Мексико, еден онлајн протест на Twitter и други социјални мрежи кои се борат против воведувањето на данок на интернетот, одлука издадена од страна на мексиканскиот Конгрес. Ова движење е еден пример за тоа како нецензурираниот интернет може да им даде сила на граѓаните да се борат за своите права.

И како што изложува Лаура Видал, венецуелска блогерка која живее во Париз, во прегледот на коментари:

Овој проект е пример за тоа како цивилното општество се согласува да ги организира и да ги обедини повторно своите обиди да им се спротивстави на владите кои дејствуваат без да водат сметка за останатите и за медиумите кои не ги поврзуваат јавното мислење со водачите на земјите.

Breaking Borders (Рушење на границите)

И за крај Наградата за рушење на границите на Google и Global Voices, е нова награда, креирана од двете организации и поддржувана од Томсон Ројтерс за да им се оддаде почит на исклучителните веб проекти водени од индивидуалци или групи кои покажуваат храброст, енергија и снаодливост при користењето на интернет со цел да ја промовираат слободата на изразување. Наградата се доделува на дела од три категории: алатки кои промовираат слобода на изразување, исклучителен придонес кон креира политики и активизмот или новинарството кое придонесоа за еден значаен глас или тема – секој е награден со $10,000. Резултатите за наградите ќе се објават во јавноста во мај за време на Самитот за граѓански медиуми на Global Voices 2010.

На овој значаен ден за Интернетот, се надеваме луѓето да се заложат за промена. Да се борат против цензурата и даго зголемат сознанието за важноста на слободната дигитална околина. За повеќе информации за борбата за слобода на говорот на Интернет, посетете ја нашата страница за оваа тема.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.