- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Во обид да го спречи ширењето на КОВИД-19, Ел Салвадор ги затвора своите граници без ниту еден официјално потврден случај

Категории: Латинска Америка, Ел Салвадор, Граѓански медиуми, Здравје, Катастрофи, Најважни вести, Хуманитарен одговор

Кадар од екранот од прес-конференцијата на Наиб Букеле на 11 март 2020 г. Извор:„Ел Диарио де Ој“ (El Diario de Hoy [1])

Информирајте се преку вонредните стории на „Глобал војсис“ за влијанието на КОВИД-19 во глобални рамки. [2]

На 11 март [1], претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле [3] прогласи 21-дневен [4] карантин на ниво на целата држава, со цел спречување на пандемијата на КОВИД-19 [5], во малата централноамериканска земја. Засега нема потврдени случаи на КОВИД-19 во Ел Салвадор, иако новинарите [6] ја ставија под знак прашалник веродостојноста на официјалните податоци.

Наставата во сите училишта веднаш беше прекината и останува нејасно како родителите и негувателите ќе се прилагодат на рестрикциите во образовниот систем. Од друга страна, пак, меѓународната трговија ќе продолжи. Владата објави дека ќе отвори центри за собирање храна и залихи [7]за луѓето во карантин.

Букеле во својот говор се осврна на Италија, која исто така спроведува посебен режим за да го спречи ширењето на вирусот надвор од своите граници. До денес [8], во Италија има 17 660 заразени со вирусот и 1 266 смртни случаи.

„Браќа Салвадорци, како што реков, оваа одлука ќе биде мета на критики од многумина, но повторувам: Што би дала Италија за да биде на наше место?“ изјави претседателот Наиб Букеле.

„Нашиот здравствен систем не е на ниво на Италија, не е на ниво на Јужна Кореја“, продолжи тој.

Во медиумите честопати се пишува [12] за здравствениот систем на Ел Салвадор поради недостатокот на лекови, средства и медицински персонал.

Денес, во Ел Салвадор, само државјани, жители и дипломати може да влезат во земјата. Ако патникот доаѓа од ризична земја, тој мора да помине 30 дена [13] во карантин.  На 12 март, владееше збунетост на меѓународниот аеродром [14] во Сан Салвадор бидејќи луѓето наводно се обидувале насилно да влезат во државата.

На 13 март, владата достави две уредби до Законодавниот дом според кои, доколку се усвојат, ќе биде прогласена вонредна состојба во државата и специјален режим во Ел Салвадор, со што ќе се ограничи [15] слободата на собирање и слободата на движење.

Реакции на друштвените медиуми

Хозе Валадарес, салвадорски коментатор на „Јутјуб“, како и многу други Салвадорци на „Твитер“, ја поддржа одлуката на претседателот.

Па, одлична владина одлука.
Сега, на нас останува да внимаваме на хигиената и да не паничиме.
Да се молиме за сè да се врати во нормала.

Аналитичарот Тициано Бреда од Меѓународната кризна група нагласува колку централноамериканските економии зависат од трговијата [17], но сепак смета дека одлуката на Ел Салвадор била најдоброто решение. [18]

Сега кога КОВИД-19 речиси неизбежно почнува да ја погодува Централна Америка, државите во регионот реагираат на различни начини, избирајќи меѓу одржување на кревката економија во живот или потребата да се спречи ширењето на болеста.

#Coronavid19 [КОВИД-19] #CentralAmerica [Централна Америка]

Наградуваната новинарка од Никарагва ја поздравува одлуката на Наиб Букеле и ја споредува со наводното недејствување на Никарагва да го спречи ширењето. Таа исто така го критикува Министерството за здравство на Никарагва што одбило [22] да пружи нега на антивладините демонстранти од 2018 година.

Мерките што Наиб Букеле ги презеде во Ел Салвадор се разумни, подобро е да се спречи отколку да жалиме за нечија смрт. Во Никарагва се чини дека владата има огромен знак на кој пишува „ДОБРЕДОЈДЕ КОРОНАВИРУС“. Здравствениот систем веќе дозволи ранетите да умрат за време на репресијата во 2018 година, а сега?

#ElSalvador [Ел Салвадор]

Од друга страна, младите во Ел Салвадор прашуваат како да се придржуваат кон здравствените упатства ако немаат пристап до проточна и чиста вода. Ел Салвадор изминативе години се соочува со криза за вода,  [26]а состојбата дополнително се влоши во јануари 2020 година. [27]

Бараат од мене да ги мијам рацете често, но во моето соседство немаме ниту проточна вода.

Хорхе Куељар, предавач и истражувач-соработник на Универзитетот Дартмут, сепак, смета дека директната одлука на Букеле е популистички потег:

Уште размислувам за вчерашната, панична 21-дневна уредба на Букеле што „веднаш“ го стави Ел Салвадор во карантин. Единствено што „веднаш“ се предизвика е паника. Прогласувањето за итен случај не беше најдобриот начин да се реши ова. Во најголема мера беше популистички театар.

САД и Мексико продолжуваат [29] да депортираат мигранти и баратели на азил, што предизвикува загриженост кај борците за права и официјалните лица.

„Претставник на Миграцискиот институт во Ел Салвадор [30] побара прекин на депортациите додека владата се подготвува за вирусот“, објави [31] „Латин Америка Њуз Диспач“ (Latin America News Dispatch).

Борците за права и официјалните лица се загрижени дека постојаното пристигнување на депортираните од САД и Мексико во Централна Америка може да му отежни на регионот при неговите напори да го спречи коронавирусот.

#TodayInLatinAmerica [Денес во Латинска Америка]

Други Салвадорци возвратија со хумор.

View this post on Instagram

Gracias por protegernos presi @nayibbukele ?? [35]

A post shared by Humor Guanaco [36] (@humorguanaco) on

Ел Салвадор во моментов.