- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Меѓународниот ден на жената одбележан во Гана со церемонија на доделување награди

Категории: Супсахарска Африка, Гана, Владеење, Граѓански медиуми, Жени и род, Образование, Развој, Технологија

Секоја година во целиот свет, Меѓународниот ден на жената [1] (МДЖ) се слави на 8-ми март. Не само овој ден, туку целиот месец март, е исполнет со стотици настани кои ги одбележуваат економските, политичките и социјалните достигнувања на жените.

И жените од Гана не заостануваат на овој значаен ден. Се случија серија настани кои предизвикаа блогерите [2] и организациите на граѓанското општество од Гана да го изразат своето мислење/коментари онлајн.

Министерството за помош на жени и деца [3] од Гана нареди овој ден да се прослави заедно со Доделувањето награди за извонредност на жените од Гана, каде што почесен гостин беше Првата дама Ернестина Наду Милс.

Темата на наградите беше: “Подршка за жените на Гана за национален развој”. Наградите имаат за цел да ги  мотивираат жените од Гана, да се стремат кон совршенство во различни сфери од животот и да го заземат своето заслужено место во процесот за национален развој. Доделувањето на наградите претставуваше дел од одбележувањето на меѓународниот ден на жената и првата церемонија на доделување награди, а се одржа вчера, на 8-ми март 2011 година, во Центарот за меѓународни конференција на Акра [4].

Ато-Улцен Апиах, автор на блогот “Енергичните погледи и верзии- Блогови на моќниот африканец [5]”, напиша детален пост за прославата на која Дороти Гордон, директор на Гана-Индија Кофи Анан Центарот за извонредност во ИКТ , [6] беше наградена за својата улога во развојот на ИКТ во Гана.

[7]

Дороти К. Гордон ја добива ИКТ наградата

Едвард Амарти-Таго [8] ја интервјуираше Фарида Бедвеи, автор на ” Дефиниција на чудо [9]” како нејзин  придонес за Меѓународниот ден на жената : [10]

На Фарида и беше дијагностицирана целебрална парализа [11] во општество во кое луѓето со оваа болест се погрешно разбрани и на нив се гледа како на луѓе кои се неспособни да придонесат нешто значајно за општеството. Едвард реши да ја отслика преку барање одговори на некои прашања.

Ова е дел од интервјуто:

1. Кој е вашиот најголем сон?

Како писател, мојот најголем сон е да ја освојам Букеровата награда и Пулицер. Како софтверски инженер/ претприемач, мојот најголем сон е да бидам на чело на првата компанија Фортун 100 во Гана. Како жена од Гана со инвалидитет, мојот најголем сон е да можам да го сменам сфаќањето во Гана и Африка поврзано со инвалидитетите.

2. Дали себеси ќе се опишеш како писател или како програмер?

Би се опишала себеси како софтверски инжињер со природен талент за пишување.

3. Во врска со што е твојата книга и што те мотивираше да ја напишеш?

Книгата е за современото општество во Гана гледано преку очите на мало девојче со пречки во развојот. Оваа книга ја напишав за да ги променам сфаќањата; сфаќањето во Гана, Африка и другите земји од третиот свет, за луѓето кои имаат пречки во развојот. Ние сме многу повеќе од СИДАта, деца-војници, глад и корупција и време е да направиме сите да го дознаат тоа. Време е ние да ги кажеме нашите сопствени приказни и да ја промениме сликата што остатокот од светот ја има за нашиот прекрасен континент.

Подолу се твитовите за меѓународниот ден на жената:

Дороти К. Гордон. е единствената наградена во секторот  ИКТ. Пробивањето не е лесно. Честитки.  #Internationalwomensday [12] преку @nnenna [13]

РТ @nnenna [13]: Г-ѓа Афеи-Даџи е првата жена-претседател на Здружението на новинари на Гана #Internationalwomansday [12] преку @ArriannaMarie [14]

Среќен Меѓународен ден на жената за сите посебни “дами” во мојот живот. Под “посебни”  мислам СИТЕ кои ме поддржувале во моите соништа/аспирација…Ова е ваш ден! Уживајте 🙂 преку  @MacJordan [15]

Извикување за сите неверојатни,  супер жени во светот! Среќен ден на жената! #Internationalwomansday [16] преку@ Xhumonne [17]

54 % од парламентот во Руанда го сочинуваат жени!!! Следна станица е претседателство! Поддршка за жените Поддршка за нацијата! #Internationalwomansday [16] #iwd [18] преку @BeautyOfRwanda [19]

Првата жена од Гана квалификувана за компјутерски програмер. Го основа Камелот. Елизабет Џоис Виларс # [20]Ghana [20] #Internationalwomansday [16] преку@ nnenna [13]