Една година по објавувањето дека колку повеќе луѓе прават „пиратски“ книги, толку подобро [1], Пауло Коелјо наоѓа [2] една копија на аудиокнига од едно од најпродаваните бразилски дела на сите времиња, „Алхемичарот“ [3]. Тој го води разговорот преку поврзување на верзијата на Јутјуб и предложува договор [4]: „Ако слушате повеќе од 5 минути, ве молам купете ја книгата (или аудиокнигата) [5], така што индустријата ќе разбере дека „пиратеријата“ не е закана за нивниот бизнис. Никој не ве гледа, како што кажав претходно. Тоа е ваша одлука, и сигурен сум дека ќе биде најдобрата одлука.“
Пауло Коелјо ја промовира „пиратската“ аудиокнига на Јутјуб
· Напишано од Paula Góes Преведено од Tijana Bozovic
Категории: Латинска Америка, Бразил, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Книжевност