Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Моќниот сојузен лидер „La Maestra“ уапсен во Мексико

Елба Естер Гордило Моралес, лидер на националната образовна работничка партија (SNTE) и контроверзна личност на мексиканската политичка сцена, беше уапсена во вторник, 26ти февруари оваа година, под обвинение за перење пари.

За повеќе од 20 години, Гордило, или La Maestra [Учителот], го водеше SNTE, можеби најголемиот синдикат во Латинска Америка. La Maestra, исто така, ја формираше политичката партија на малцинствата Нуева Алианза, која за време на минатогодишниот изборен процес го номинираше Куадри де ла Торе за претседателски кандидат.

Гордило е обвинета за федералното дело „трансакции кои вклучуваат незаконски здобиени ресурси“ – во секојдневниот говор познато како „перење пари“ – кое носи казна од 5 до 15 години во затвор, плус парична казна. Нејзиното апсење беше наредено од страна на судот и спроведено во државата Мексико кога Гордило пристигна на аеродромот во приватен авион, пристигнувајќи од САД.

Ова дело е сфатено многу сериозно во мексиканскиот кривичен закон и со тоа обвинетата нема да биде ослободена со кауција за време на судскиот процес. Возможно е комисијата да ја обвини Гордило за извршување и на други кривични дела, меѓу кои и даночни измами, или да се истражува повеќе и да пробаат да ја поврзат обвинетата како дел од поголема криминална организација, што би значело и построга казна.

Откако беше приведена, Гордило е испратена во Центарот за рехабилитација Санта Марта Акатитла во Мексико сити.

Нејзиното апсење предизвика различни реакции кај Мексиканците, некои го прославуваа додека други беа поскептични.

Новинарот Карлос Пуиг ја опиша моќта која ја имала La Maestra откако го презеде раководството врз SNTE:

Elba Esther Gordillo, imagen de Wikimedia Commons bajo licencia Creative Commons  (CC-BY-NC-ND)

Елба Естер Гордило, фотографија од Wikimedia Commons заштитена под Криејтив Комонс лиценца (CC-BY-NC-ND)

En 24 años la señora Gordillo creció, acumuló dinero y poder. Entendió que su fuerza dependía en buena manera de lo que consiguiera para sus agremiados y fue generosa: privilegios, cuidados, salarios, plazas. Allá adentro la adoraban. La hicieron lideresa para siempre y para todo. Se enfrentó a su partido con furia y cuando se hartó formó otro. Se aprovechó de los bisoños panistas y logró posiciones en el gobierno y una intervención directa en la elaboración de la política educativa.

Empezó a lucir sus riquezas, era público que vivía por temporadas en la zona más lujosa de San Diego; presumió sus gustos caros, la afición por los vuelos privados. Desestimó los sondeos que le decían que era un personaje poco querido. Que las encuestas la ponían en los últimos lugares de popularidad asociada con corrupción, cinismo.

Como había visto a Salinas, vio a Zedillo utilizar la fuerza del gobierno y la utilización de la PGR para borrar adversarios políticos pero no aprendió.

Ella se creyó inmune. Creyó que seguía tratando con panistas, tal vez. Y estiró y estiró la liga hasta que la rompió.

Во 24 години госпоѓата Гордило цветаше акумулирајќи пари и моќ. Таа знаеше дека нејзината моќ зависи од тоа колку ќе ги одржува среќни членовите на нејзината партија, па затоа беше и дарежлива: привилегии, внимание, плати и високи позиции. Членовите ја сакаа. Ја назначија за нивен лидер за сè и засекогаш. Таа се конфронтираше со својата партија, и кога и здосади од истата, создаде нова. Таа ја злоупотреби наивноста на PAN за да се здобие со владини позиции и директно учество во образовната политика.

Таа почна да го открива своето богатство; јавно познато беше дека живее сезонски во најбогатиот дел од Сан Диего; го изјави својот скап вкус, и нејзината склоност кон приватните авиони. Ги занемари анкетите кои велеа дека е непопуларна личност. Ранговите на популарност кои ја однесоа накај дното и ја поврзаа со корупција, цинизам.

Таа беше запознаена со случајот на Салинас, каде Зедило ја употреби владината моќ и моќта на јавниот обвинител за да ги отстрани политичките противници, но не научи ништо од тоа.

Мислеше дека е имуна. Можеби мислеше дека се уште се справува со PAN. Гумениот ластик се растегнуваше и растегнуваше се додека конечно не пукна.

За тоа време, еден од најголемите противници на Гордило, новинарот Карлос Лорет де Мола ја опишува со следните зборови:

La persona que más daño le ha hecho a la educación en México, la dirigente sindical que robó dinero de los maestros para enriquecerse, la mujer que quitó dinero de las aulas de los niños para beneficiarse personalmente, está tras las rejas.  Le llamarán “El Quinazo” del presidente Enrique Peña Nieto.

Личноста која има направено најмногу штета врз образованието во Мексико, лидер на синдикатот кој крадеше пари од професорите за да може да просперира, жената која зема пари од училниците на децата за своја лична корист, е сега зад решетки. Ќе биде нарекувана претседател Енрике Пења Нието „Ел Куиназо“.

Настаните познати како Ел Куиназо се однесуваат на апсењето на друг лидер, Јоакин Хернандес Галисиа, „Ла Куина“, на почетокот на мандатот на претседателот Карлос Салинас де Гортари во 1989 год.

Претседателски кандидат на два наврати (и страстен противник на сегашната администрација), Андрес Мануел Лопез Обрадор (@lopezobrador_), за апсењето на Гордило изјави:

@lopezobrador: En busca de legitimidad el corrupto de EPN [Enrique Peña Nieto] recurre al quinazo contra su exsocia. Es afianzar el salinismo como política. Son otros tiempos.

@lopezobrador: Во потрага по легитимитет корумпираната влада на EPN [Енрике Пења Нието] прибегнува кон quinazo против неговиот поранешен соработник. Со тоа се зајакнува Салинизамот како политика. Овие се други времиња.

Во иста насока, твитерџијата Клаудија Флорес Глз (@taller2006) рече:

@taller2006: Al final lo de la maestra #Elba es sólo un ajuste de cuentas, como se acostumbra en México.

@taller2006: На крајот од приказната за la maestra #Elba е само решавање на сметки, како вообичаено бизнис за Мексико.

Професорот Циро Мурајама (@ciromurayama) ја искористи оваа можност да се исмејува со фактот дека еден од водечките новинари на земјата пропушти да извести за новостите од Рим:

@ciromurayama: López Dóriga, con su olfato periodístico, nos informa desde Roma lo que ocurrió en Toluca.

@ciromurayama: Лопез Дорига, со неговиот нос за вести, од Рим ни јавува за што се случува во Толука.

Корисникот Естебан Салинас (@probusmex) за централен елемент во овој вид на криминал ги наведе парите.

@probusmex: Bueno al fin detuvieron a Gordillo, espero que no pase lo que pasa siempre y se pierdan mágicamente esos miles de millones. Que los regrese!

@probusmex: Конечно ја уапсија Гордило, се надевам дека тоа што секогаш се случува нема да се случи и овој пат и магично да ги изгубат тие милиони. Се надевам дека ќе се вратат!

Некој кој себеси се нарекува Енгања Бобос (@luigif49) нагласи дека има и други лидери кои треба да ја споделат истата судбина со La Maestra:

@luigif49: Que bueno que Elba Esther Gordillo pague por ser tan RATA, pero ¿cuando caé Romero Deschamps, Martín Esparza y tantos igual de ladrones?.

@luigif49: Одлично е дека Елба Естер Гордило плаќа за тоа што беше таков КРАДЕЦ, но кога ќе паднат Ромеро Дешампс, Мартин Еспарза и другите еднакво лоши крадци?

Фернандо Иглесиас (@ELFERKING) ја искористи оваа шанса да ја изрази неговата радост за апсењето на Гордило:

@ELFERKING: Detenciones como la de Elba Esther Gordillo me dan esperanza y me hace muy feliz, gente abusiva y ratera como ella y Deschamps deben pagar

@ELFERKING: Апсењата од типот од тоа на Елба Естер Гордило ми даваат надеж и ме прават многу среќен, користољубивите и луѓето кои крадат како неа и Дешампс треба да платат за своите постапки.

Д-р Мигел Карбонел (@MiguelCarbonell), истражувач и лидер на проценката на правни прашања во земјата, напиша:

@MiguelCarbonell: Al ser un proceso por delincuencia organizada los plazos se duplican. El juez tiene 6 días para dictar auto de formal prisión.

@MiguelCarbonell: Затоа што судењето е за организиран криминал роковите се двојно помали. Судијата има 6 дена да издаде налог за притвор.

Слично, Карбонел забележа за центарот во кој е сместена Гордило:

@MiguelCarbonell: En el penal de Santa Martha Acatitla no se duerme con tanto comodidad como en San Diego, California. Ni modo. #Gordillo

@MiguelCarbonell: Во затворот Санта Марта Акатитла не се спие удобно како во Сан Диего, Калифорнија. Нема шанси. #Gordillo

Вестите за апсењето на некој како Гордило имаат големо влијание во општествата како Мексико, кое со декади наназад е сериозно злоупотребувано од страна на политичката класа и силите како SNTE и други синдикати. Ваквите реакции ќе продолжат да се појавуваат во текот на наредните денови, но судењето на La Maestra само што започна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.