- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Бес на карикатуристите против Хатами поради гласање на изборите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Избори, Политика, Протест, Уметност и култура

Како може да бидеш „најголем губитник“ на избори [1] само поради гласање? На ова најверојатно може да одговори Мохамед Хатами [2], поранешниот реформистички претседател на Иран.

Хатами гласаше [3] на парламентарните избори на 2 март, 2012 година, игнорирајќи ги предусловите кој тој самиот ги формулираше за неговото учество: „Слобода на политичките затвореници и создавање на слободна атмосфера за секого и за сите групи, власти кои го почитуваат Уставот и овозможување логистика за спроведување на слободни и фер избори.“

Со оглед на популарните повици за бојкотирање на изборите [1], многумина од реформистите беа разочарани кога го видоа Хатами како го прегази својот збор.

Тој подоцна ги оправда своите дејства со изразување надеж дека неговиот глас не ја вознемири „реформистичката солидарност“. Тој наводно бил загрижен [4] поради „комплексноста“ на внатрешните, како и на надворешните работи и повика на „разбирање на нивната сложеност од страна на сите“.

Неколку сатирични карикатури објавени на интернет прикажаа бес и разочарување од некогаш познатиот Хатами.

Водечкиот карикатурист и блогер Никаханг, смета [5] дека Хатами го игнорира крвопролевњаето за време на протестите против режимот во 2009.

[6]

Мана Нејстани, уште еден познат карикатурист, прикажува [7] како еден од ликовите крши прозорец од главата на Хатами.

[7]Неименуван гостин карикатурист на Khodnevis.org [8] зема учество во кампањата „карикатури против Хатами“ со следната објава: