- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Video HUB: Заштита на правата на жените – активисти во светот

Категории: Популарен напис, Јужна Азија, Шри Ланка, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Жени и род, Историја, Медиуми и новинарство, Образование, Политика, Развој, Слобода на говор, Хомосексуални права (ЛГБТ), Хуманитарен одговор, Човекови права, Видео за човекови права

Бета верзијата на The HUB од веб-сајтот Witness нуди три видеозаписи снимени на настанот „Човекови права за жените; Човекови права за сите [1]“, на кој три решителни жени кои ги бранат правата на останатите жени говорат за Меѓународната кампања за заштитници на човековите права на жените [2].

Од веб-сајтот на кампањата [3]:

Меѓународната кампања за заштитници на човековите права на жените е меѓународна иницијатива за признавање и заштита на жените активисти кои ја поддржуваат реализацијата на сите човекови права за сите луѓе. Кампањата покажува дека жените кои се борат за човекови права и особено се фокусираат на човековите права на жените, се соочуваат со одредени злоупотреби во текот на нивната работа поради нивниот пол. Дополнително, кампањата се фокусира на ситуацијата на активистите за човекови права кои ги бранат правата на жените и особено се осврнува на злоупотребите кои ги доживуваат активистите за правата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, транссексуалците и активистите за други права поради нивниот пол и сексуална определеност. Идентитетите на овие лица како и природата на правата кои се обидуваат да ги заштитат се фактори кои нив ги ставаат во фокусот на кампањата.

Во моментот има 3 видеозаписи на The Hub, кои беа избрани од уредникот: Сунила Абејесекера од ИНФОРМ во Шри Ланка [4] говори за кампањата и зошто е потребно да се работи на имплементацијата на одредени стратегии за човековите права на половите, Лидија Алпизар од AWD [5] која објаснува зошто оние теми кои таа ги нарекува „несекси“ како на пр. финансирањето се всушност од суштинска важност за прашањата од областа на половата еднаквост: „без ресурси не може да има имплементација на политичката обврска за одбрана на човековите права на жените“ и Ајша Шахид од Глобалната кампања „Стоп за убиствата и каменувањето“ [6], која објаснува зошто злосторствата врз жените врз основа на традицијата или религијата треба да прекинат.

Во продолжение следуваат трите видеозаписи (качени од Виолета Краснич [7]) од овие енергични жени кои се стремат за заштита на правата на другите жени.

Што претставува The Hub? Тоа е веб-сајт на кој секој може да поставува видеозаписи во врска со човековите права, за да може да ги види поширока публика која е заинтересирана за оваа тема, наместо да се пребарува низ вообичаените сајтови на кои се качуваат видеозаписи со цел да се најде саканата содржина. Тоа е начин за донесување на содржините за човекови права директно до оние кои се заинтересирани да ги видат.

Следува промотивен видеозапис од 60 секунди во кој се објаснува како функционира The Hub, и на кој начин може да се учествува.