Јапонија: Токио по земјотресот

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Земјотресот во Јапонија 2011.

Во петокот на 11 март. 2011 год. во  14:46:23 часот по локално време, Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 8.9 степени, најсилниот измерен земјотрес во историјата на државата.

Поминаа повеќе од 5 часа откако Токио беше погоден од овој земјотрес, а сè уште има голем број луѓе кои се обидуваат да стигнат дома пешачејќи бидејќи возните линии беа укинати за тој ден.

@Kenji_Hall:

сè уште пешачам како и сите други во Токио, возовите застанаа а такси возилата се преполни. на автобуските линии чекаат редици луѓе. морам да одам на север но заглавен сум во Токио. #quake12

Редици кои чекаат за автобус, од @durf

Корисникот на Твитер @oohamazaki креира гугл мапа со можните локации за евакуација во регионот на Токио.

Види поголема мапа

Со зајдисонцето, сè повеќе хотели, училишта и ресторани ги отвораат своите врати.

@tsuyoshi_ide:

【拡散希望】 新宿南口の文化服装学院が、非常食と宿泊受け入れ準備中です! #jishin #jisin #shinjyuku

Bunka Fashion College, близу излезот Shinjuku South, има храна и се подготвува да прими луѓе за ноќевање.

@gmsq:

【拡散希望】立教大学は一晩中教室を開放することを決定しました!宿泊可能です! 大学関係者以外の方ももちろん利用可能なので、お困りの方は立教大学までいらして下さい!僕宛にリプライいただければ、なにかお困りの際はお手伝いします! #rikkyo_raise

Ве молам раширете ја пораката! Универзитетот Рикио ги нуди сите свои училници за преспивање! Секој може да преспие тука.@пишете ми ако ви треба помош.

Слика од ко-уредникот за Глобал Војсис на јапонски јазик Scilla Alleci:

Овој напис е дела од нашата специјална репортажа Земјотресот во Јапонија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.