Русија, Украина, Балкан: Вести за Евровизија

Контроверзијата предизвикана од изборот за песна за Евровизија во Грузија по се изгледа заврши (или гледано од други перспективи, ја достигна точката на кулминација), бидејќи Грузија реши да не учествува оваа година во Москва како последица од барањето на Европската унија на радио и телевизија за промена на текстот на песната „We Don't Wanna Put In“ или да се смени учеството со друга песна.

Сега и песната на Русија создава контроверзии. Енди од Siberian Light објаснува:

Во потег кој сигурно ќе ги поттикне теоретичарите на завера и блогерите насекаде, Мам[о] од Анастасија Приходко беше избрана да ја претставува Русија оваа година на Евровизија.

Контроверзијата? Па, Приходко е Украинка, а Мамо во еден дел се пее на руски, а дел на украински јазик. А да, и Приходко се пријави на изборот во Русија само поради тоа што беше избркана од изборот во Украина. […]

Следуваат мислења на Енди за геополитичките димензии на песната на Русија – и на некој начин прогноза:

[…]Во секој случај јас мислам дека е поен за Русија. Тие не само што ќе може да добијат поен повеќе од личниот непријател Грузија, кој се пријави со песна за тоа како не го сакаат Путин, туку со тоа и тврдат дека во Русија музиката е за мир и добра волја помеѓу соседите. А да, и дека тие навистина ги сакаат Украинците.
И всушност, јас мислам дека песната е ок – не е одлична, но Русија нема да биде посрамена во мај[…]

Васил од usMuzik го напиша следново за песната на Русија – како и за украинската:

[…]Сега да одиме во рингот на Светскиот музички натпревар за клевета за да ги слушнеме почетните зборови на водителите. „Во десниот агол го имаме претставникот на домаќинот Русија, минатогодишниот евровизиски победник,  од Украина, Анастасија Пруходко која ја пее Мамо. Нејзиниот противник во левиот агол, поранешен член на групата Виа Гра, ја имаме Светлана Лобода!“

Најискрено луѓе, се сведе на ова. Всушност, некои Руси се лути бидејќи Украинка ќе ги претставува на Евровизија и нема да пее само на руски или англиски, не дај боже, рефренот на нејзината песна ќе биде на украински користејќи вокатив, што не постои во рускиот јазик… […]

Иако има сомнежи во неправилности во гласањето во случајот на Анастасија Пруходко, ова не е единствено проблем на Русија. Belgraded – во преглед на „Балканските евровизиски губитници 2009“ – го пишува следново за победничките песни:

[…]Врски со луѓето кои ги бројат гласовите се секогаш особено важни за балканските натпреварувачи и оваа година не беше тоа исклучок. За да видите кој ги имаше најдобрите врски и/или успее да понуди најмногу пари на жирито одете на Balkan File.[…]

Мора да се истакне дека Balkan File не е многу оптимист за „Евровизиските надежи“ од земјите од поранешна Југославија плус Албанија:

[…]Дали ќе се врати Евровизија во регионот после краток прекин во Русија? Веројатно не.[…]

Назад кон „губитниците“, еве што Belgraded пишува за оние од Србија:

[…]Најдобрите губитници што сме ги имале до сега во Србија – тие имаат се: опера, хомосексуална љубов помеѓу матрикс свештеник и високо воен офицер, комунизам и опера. Да, знам дека кажав опера. Некои луѓе тврдат дека ги слушаат звуците на „Боемска Рапсодија “ и „Никогаш нема да чекориш сам“, но јас не можам да се сконцентрирам доволно за да ги забележам[…]

Следува видеото од изведувачите опишани погоре:

Во делот за коментари на овој пост, Sajkaca напиша:

Да бидеме искрени, доколку има само добри песни со традиционална изведба, никој нема да ја гледа Евровизија. Настанот е магнет бидејќи знаеш дека може да биде посрамотувачки! […]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.