- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Полска: Онлајн борба против рак

Категории: Источна и Централна Европа, Полска, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Здравје, Технологија

Ленка е весело 5-годишно девојче, а Паула, која е во нејзините рани 20ти години, е студентка по внатрешен ентерирер. Не би помислиле дека тие можат да имаат нешто заедничко, но имаат. И двете имаат рак и блогови каде што ја опишуваат својата борба со болеста.

Овие блогови се добри примери за тоа како денес се развива блогосферата. Тие докажуваат дека не е неопходно блогот да преставува само онлајн дневник: тој може да постане многу моќна алатка.

Паула [1]

Во еден од нејзините први постови Паула го опишува моментот кога ѝ била дијагностицирана потенцијално смртоносната болест:

Се почувствував како некој да ме удри со тава по лице.

Потоа опишува како се чувствувала кога разбрала дека нејзината дијагноза, не мора да значи и крај:

Тоа беше како искра. Искра надеж и волја за борба. Нешто кое ме натера да верувам дека наспроти тоа што се случуваше, јас би можела да живеам долг живот и моето тело може да се избори со секаква болест, без разлика колку е смртоносна.

Паула

Паула

Паула

Паула

Произлегло дека Паула има многу редок вид на рак и наскоро по операцијата ѝ било кажано дека не постои некој утврден лек, кој би можел да и помогне. „Вие имате малиген тумор и ние не знаеме како да го лекуваме“ – рекле полските доктори, кревајќи ги рацете нагоре. За среќа, сестрата на Паула дознала за клиника во Бостон [2], каде што биле успешно излечени пациентите кои го имале истиот проблем. Паула воспоставила контакт со американската болница и наскоро потоа добила покана за консултација. Докторите со задоволство сакале да започнат со третманот, но единствен проблем била неговата цена – вртоглави 250,000 долари. Но, Паула не се откажала во тој момент. Таа започнала да го користи нејзиниот блог како апел за финансиска помош. Благодарение на дарежливоста на нејзините читатели и другите блогери кои поставиле линк до блогот на Паула, парите брзо се собирале и во Август минатата година, Паула заминала во САД за да прави операција.

Денеска таа сè уште има многубројни тумори во нејзините бели дробови и ѝ е потребен подолг третман, но таа останува позитивна и оптимистички гледа кон иднината. Во интервју за полското издание на весникот Newsweek [3], ѝ било поставено прашањето дали е сè уште исплашена. Таа рекла:

Да, но кога сум исплашена, размислувам за моето враќање од Бостон. Моите пријатели ме чекаат на аеродромот. Тие се сите среќни, скокаат и ми мавтаат. Тоа е знак дека се поминало добро. Решив дека ќе живеам и ќе се држам до таа одлука.

Ленка [4]

Паула можеби никогаш немаше да го започне нејзиниот блог, ако не била малата Ленка и блогот пишуван од нејзините родители, што ја инспирирало Паула да пишува за ракот.

На Ленка ѝ била дијагностицирана леукемија минатиот април, набрзо по нејзиниот 4ти роденден. Аниа и Енди, нејзините родители, решиле да направат блог бидејќи не можеле да продолжат да ги информираат пријателите и семејството за состојбата на Ленка. Тие наскоро сфатиле дека пишувањето е форма на емоционално прочистување. Блогот на Ленка има многу обожувачи кои оставаат коментари на постовите, со цел да им дадат утеха и поддршка на малечкото девојче и нејзините родители.

Ајде да стискаме палци. На Лена мора да ѝ стане подобро. Мора!!! Не постои друга опција и вие, нејзините родители, останете силни. Вие сте одлично семејство!!

Се надевам дека сонцето повторно ќе светне за ова мало девојче, а и за вас исто… Не заборавајте дека секогаш треба да се надевате и да верувате. Таа личи на мал ангел. Се надевам дека ќе биде здрава. Ќе се молам за неа. Стискам палци.

Родителите велат дека, коментарите се тие кои што им помагаат да опстанат и ги мотивираат да продолжат со пишување. Состојбата на Ленка малку се подобрила во последно време и сега таа чека да се подобрат временските услови, за да ја однесат нејзините родители на одамна ветениот сладолед.

Блоговите на Лена и Паула беа вклучени во натпреварот Блог на годината 2009 [5] и благодарение на гласовите од нивните читатели и двата стигнаа до финалето.

Доколку сакате да ги поддржите Паула или Ленка, посетете ги нивните блогови на:

paulapruska.blogspot.com [6]

dlalenki.blogspot.com [7]