Египет: Блогер изведен пред воен суд за пост кој го напишал пред една година

AhmadMostafa.jpg

За прв пат во Египет блогер е изнесен пред воен суд за написи кои се објавени онлајн. Ахмед Мостафа (студент) напиша пост на својот блог Maza Asabak ya Watan (Што ти се случи, о моја земјо?!) [арапски] во врска со студент на Воената академија кој бил исклучен, а од неговиот татко било побарано да потпише изјава во која стоело: „мојот син не успеа да се приспособи на воениот живот“.

Според блог постот на Мостафа [арапски], кој само ги цитирал изјавите од фамилијата на избрканиот студент, богат татко кој не можел да најде слободно место на академијата за својот син, вешто успеал да ослободи место преку замена на својот син за избрканиот студент.

Пред една година, младиот блогер напиша пост за случајот на својот блог, под наслов: „Скандал на Воената академија“. Но, пред еден месец тој доби сигурносно предупредување во однос на постот, веднаш пред посетата на претседателот Хосни Мубарак во Кафр ел Шеик, египетски административен центар во кој Мостафа живее и студира. На 25ти февруари, тој беше уапсен на патот кон академијата.

Здружението за слобода на мислење и изразување го осуди [арапски] апсењето и ги подреди обвиненијата поради кои Мостафа беше изведен пред суд:

Него му беше доделен воен адвокат кој одлучи да го задржи во притвор со времетраење од четири дена со цел продолжување на истрагата, за на 28ми февруари да биде испратен во воениот суд во Каиро, каде беше обвинет за:

  1. Клеветење на египетската армија.
  2. Рушење на довербата од страна на воените сили.
  3. Објавување на лажни вести.

Египетската блогосфера беше злоупотребена од страна на вестите, посебно фактот што блогерот не напиша ниеден збор за „египетските воени сили“. Зеинобиа напиша:

Многу ја почитувам војската и мислам дека овој случај е навистина опасен. Од постот на Мохамед Адел, дознав дека и воената интелигенција е вклучена. Од правна гледна точка, Мостафа не треба да биде изведен пред воен суд. Од логичка гледа точка, тој не треба да биде обвинет, бидејќи не изнесе ниедна воена тајна.

При повторното читање на блог постот, египетскиот блогер Цоцу пронајде коментар, објавен на 26ти јануари, од страна на читател под името „Тамер“, кој му се заканува на Мостафа за гореспоменатиот блог пост.

Сервисот за микроблогирање, Twitter послужи како медиум за вестите во врска со уапсениот блогер. Мохамед Адел првата информација ја објави на Twitter , а оттогаш постојано го користи сервисот за објавување новости во врска со Мостафа.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.