- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Најпопуларните песни на Јутјуб

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Музика, Технологија, Уметност и култура

Игор Михајловски објави [1] интересно истражување кое опфатило број на гледања на македонски песни во четири групи на забавна музика: 1945-1979, 1980-1999, 2000-2010 и песните на Тоше Проески како посебна категорија поради неговата интернационална популарност. Тошевата интерпретација на народната песна [2] „Зајди зајди“ [3] е најгледана, со скоро 4 милиони посети. Резултатите  покажуваат дека дуети со странски пејачи привлекуваат гледачи, а и дека расте популарноста на локалниот хип хоп.