- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Црквите во Грција и Северна Македонија одбиваат да ги модифицираат ритуалите погодни за ширење на КОВИД-19

Категории: Западна Европа, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Грција, Јужна Кореја, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Здравје, Катастрофи, Религија
[1]

„Примање на Евхаристија“, слика од Фра Анџелико од 1442 година. Фотографија [1] од Википедија (јавен домен).

Додека бројот на заразени лица со новиот КОВИД-19 на Балканот постојано се зголемува, неколку христијански цркви одбија да ги променат литургиските практики што можат да придонесат за ширење на корона-вирусот.

При ритуалот познат како света Причест [2] или Евхаристија православните христијански верници пијат осветено вино со заедничка лажица [3], додека католиците јадат тенки парчиња леб директно од раката на свештеникот.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува [4] да се избегнуваат големи собири, како и да се практикува зголемено ниво на лична хигиена и санитација со цел да се минимизира ширењето на вирусот преку допир, размена на телесни течности, или преку воздухот.

Преку официјално соопштение [5]на 9 март, Грчката православна црква (ГПЦ) соопшти дека нема да го менува ритуалот за да се придржува кон мерките за безбедност. ГПЦ исто така додаде дека „коронавирусот не се пренесува преку светата Причест и верниците треба да се молат против ширењето на смртоносниот вирус“.

Еден од владиците на ГПЦ, Климис, кој носи титула митрополит на Перистери, приградска општина во близина на Атина, изјавил [6] дека оние што веруваат дека вирусот може да се шири преку верски ритуали се богохулници:

The Holy Communion is life. It is a miracle. It is a blasphemy to believe that the virus can be transmitted by receiving Holy Communion.

Светата Причест е живот. Тоа е чудо. Богохулие е да се верува дека вирусот може да се пренесе со примање на светата Причест.

Во Грција има 89 потврдени случаи на КОВИД-19, без смртни случаи досега.

Грчките власти, кои неодамна ги затворија училишта и забранија собири во обид да го спречат пренесувањето, ја повикаа Црквата да ја преиспита својата одлука.

Но, самите државни службеници се чини дека ги игнорираат овие препораки. На големиот верски празник минатата недела, претседателот и некои владини министри [7]присуствувале на јавна миса.

Во соседна Северна Македонија, Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија се чини дека следи сличен начин на однесување. Иако црквата сè уште нема издадено никаква официјална изјава за појавата на вирусот, продолжи да ја спроведува светата Причест на вообичаениот начин.

Вниимание на јавноста го привлече објавата на официјалната веб-страница на Преспанско-пелагониската епархија [8] на преведен напис од руската веб-страница Pravoslavie.ru [9] кој тврди дека е „невозможно верниците да бидат заразени за време на црковните обреди“.

Текстот е потпишан од рускиот свештеник Сергеј Адонин, кој тврди дека има познавање од микробиологија и искуство во работа во болници. Тој во написот истакнува дека правилото за употреба на истата лажица, донесено во Византион во 7. век, досега не направило никаква штета, затоа што „вербата во Бога ги штити и парохијаните и свештениците“.

Едновремено, во Северна Македонија, десничарските пропагандисти изразија поддршка за црквата. На пример, еден конзервативен ТВ водител – кој во минатото промовираше антивакцинални кампањи [10] – се пофали на Твитер дека учествувал во ризичните верски ритуали:

Слаѓана Велков [13], една од водечките личности на движењето против вакцинирањето која  работи во Србија и Северна Македонија, неодамна изјави дека ситуацијата не е „сериозна“ и дека новиот вирус е „најобична прехлада (односно, настинка) која може да има влијание само кај постари и имуно искомпромитувани луѓе, како и секоја друга прехлада“.

Во меѓувреме од Италија, каде што од инфекцијата починаа над 631 лице [14], а повеќе од 10.000 се заразени, овој корисник твитнал:

Ве молам, ве молам дечки. Тука во северна Италија направивме голема грешка. Сите постојано велеа „тоа е само грип“, а сега нашите оддели за интензивна нега колабираат. Сите продолжија да излегуваат надвор како ништо да не се случува, а сега умираат нашите баби, дедовци и родители. #Коронавирусот не е #грип

Досега има седум потврдени случаи [19]на КОВИД-19 во Северна Македонија; 25 во Словенија; 13 во Хрватска; 6 [20] во Албанија; пет во Србија; 5 [21] во Босна; и нула во Црна Гора.

До сега (10 март) во Романија има 28 случаи [22] на инфекција и 6 во Бугарија [23].

Христијаните низ светот

Светот веќе посведочи за тоа како новиот коронавирус може да се шири преку верските собири.

Минатиот месец, поголемиот дел од 7.400 потврдени случаи на КОВИД-19 во Јужна Кореја, земја во која дотогаш се чинеше дека епидемијата е под контрола, [24] биле поврзани со верската заедница Шинчеонџи црква на Исус [24]. (анг. Shincheonji Church of Jesus)

Поднесени се кривични пријави против оваа секта, честопати наречена и култ, додека нејзиниот 88-годишен лидер јавно се извини [25] бидејќи применувале нехигиенски практики при верските ритуали во кои учествувале и заразени лица.

Во меѓувреме, Православната епархија на Кореја [26]најави измени во своите литургиски практики во согласност со препораките на Министерството за здравство:

  1. During the Divine Liturgy all believers will wear masks.
  2. Before entering the Church, they will disinfect their hands with a disinfectant present at the entrance of the Church.
  3. They will not shake hands with anyone.
  4. They will not kiss the hand of the Clergy.
  5. They will not kiss the Icons, but they will bow before them.
  6. They will not use the liturgical books at the time of prayer.
  7. They will not receive the Antidoron from the Clergy, but on their own as they leave the church.
  8. The Agape Meal will not be served following the Sunday Liturgy.
  9. The various group meetings of the Faithful as well as the Catechumens will not take place.

1. За време на Божествената литургија, сите верници ќе носат маски.
2. Пред да влезат во црквата, тие ќе ги дезинфицираат рацете со средства за дезинфекција поставени на влезот на црквата.
3. Тие нема да се ракуваат со никого.
4. Тие нема да ја бакнуваат раката на свештеникот.
5. Тие нема да ги бакнуваат иконите, туку ќе се поклонуваат пред нив.
6. Тие нема да ги користат литургиските книги за време на молитвата.
7. Тие нема да го примат антидоронот од свештеникот, туку ќе го земаат сами кога ќе ја напуштаат црквата.
8. Оброкот Агапе нема да се служи по неделната литургија.
9. Неколкуте групни состаноци на Верните, како и на Катехумените нема да се одржуваат.

Некои цркви во Европа усвоија [27] слични мерки, на пример Католичката црква во Италија.

Епархијата во Хрватска исто така донесе рестриктивни правила [28], а во Франција е затворено [29]светилиштето во градот Лурд, едно од најпознатите дестинации за аџилак во Европа.

Православната црква на Романија [30] издаде декрет во кој се најавуваат „исклучителни мерки преземени само заради закана од епидемија:“

Believers who are afraid of virus transmission may temporarily refrain from kissing the holy icons in the churches. They can exceptionally ask the priest to use their own spoon for the Holy Communion.

Верниците кои се плашат од пренесување на вируси, можат привремено да се воздржат од бакнување на светите икони во црквите. Тие можат да го замолат свештеникот да користат сопствена лажица за Светата Причеста.

Откако Италија воспостави карантин [31]на целата националната територија, други европски држави презедоа драстични, како што направи Чешка [32] и на 10 март ги затвори училиштата.

Владата на Северна Македонија прогласи вонредна состојба и ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во наредните две недели. [33]

Погледнете ја специјалната обработка на „Глобал војсис“ на темата глобалното влијание на КОВИД-19. [34]