- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

За синхронизираната верзија, Марвел го отстранија руското знаме од една сцена во новиот трејлер за ‘Капетан Америка’

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Најважни вести, Филм, Цензура, Рунет Ехо

Неодамна, „Marvel Entertainment“ го објавија вториот трејлер за долгоочекуваниот „Captain America: Civil War“ (Капетан Америка: Граѓанска Војна). Трејлерот веќе е синхронизиран на неколку јазици, вклучувајќи го и рускиот.

За само неколку часа, интернет корисниците од Русија забележаа [1] една значителна разлика во трејлерите: во верзијата на руски јазик [2], на раката на еден војник на самиот почеток на трејлерот недостасува руското знаме кое го има во оригиналната верзија [3]. Наместо тоа, налепницата е црна, и руското знаме е избришано.

Marvel's Captain America: Civil War, Trailer 2. Image: YouTbe [3]

Марвеловиот Капетан Америка: Граѓанска Војна, трејлер 2. Фотографија: ЈуТјуб

Marvel's Captain America: Civil War, Trailer 2, in Russian. [2]

Марвеловиот Капетан Америка: Граѓанска Војна, трејлер 2, на руски. Фотографија: ЈуТјуб

Како што е случајот со сите претходни филмови „Капетан Америка“, оваа филмска франшиза во Русија е позната како „The First Avenger“ (Првиот Одмаздник).