Полска: Ученици го тужат поранешниот министер за образование

Двајца одлични ученици решија да го тужат поранешниот министерот за образование Рузард Легутко затоа што ги нарекол „расипани дечишта“. Минатата година Зузана и Томаз, ученици од Вроцлав, потпишаа петиција во која бараат од директорот на училиштето да ги отстрани сите религиозни амблеми и симболи од училишната зграда. Директорот одбил.

За случајов многу се дискутирало во полските медиуми во декември 2009та, кога г-дин Легутко, кој е моментално член на Европскиот Парламент, дал коментар во кој ги нарекува учениците: „расипани дечишта кои само безделничат. Немаат ли некоја попаметна работа, непосредно пред тестовите?“- праша политичарот, сугерирајќи дека не би било погрешно да се казнат учениците.

Учениците сега бараат јавно извинување и 5000 злоти како надомест, кои ќе одат во добротворни цели.

Полските интернет корисници коментираат:

pssz на forum.gazeta.pl:

Крстовите остануваат, така што црквата победи. Демократија значи владеење на мнозинството, но и почитување на правата на малцинствата. Ова што се случува тука е диктатура на мнозинството. Дали некој побара дозвола пред да почнат да се ставаат крстовите по ѕидовите? Ставањето на крст на ѕид не е дури ни оправдано во Библијата.

Homo sapiens на forum.gazeta.pl:

Секако дека крстот може да биде отстранет и вредностите кои крстот ги преставува можат да бидат заборавени. Прашањето е што се случува наместо тоа? Што имаат овие млади луѓе да понудат? Ништо.

MrBigB на www.wykop.pl

Човек во години дава коментар, без разлика дали е соодветен или не, ние можеме сите да се осудуваме себеси, но според мое мислење патетично е да се тужи за вакво нешто.

Dorota на forum.gazeta.pl:

Јас сум католик, но се согласувам со овие ученици. Тие се борат за толеранција и религиозна слобода.

Usualgirl напиша на нејзиниот блог:

Работата е во тоа што, на атеистите не им пречи крстот. Еден од нив рече дека е губење на време дури и да се дискутира на темава, зашто ако продолжиме вака, ќе треба да ги забраниме и рекламите за месо бидејќи тие можеби ќе бидат навредливи за вегетаријанците…

Полска е претежно католичка држава и крстовите во училиштата и другите установи, отсекогаш била табу тема.

Случајов заслужува внимание и може да се очекува силна дискусија во полските медиуми и блогосферата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.