- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Преглед на користењето на социјалните мрежи од медиумите во Гана

Категории: Супсахарска Африка, Гана, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Технологија
ghana social media

Фотографија од извештајот од Индексот на социјални медиуми прикажувајќи ги топ шесте радио станици на Твитер. Фотографија искористена со дозвола.

Појавата на социјалните медиуми го револуционизира начинот на кој медиумите ги пренесуваат информациите до публиката во Африка, особено во Гана. Медиумските куќи ги вбројуваат платформите на социјалните мрежи како важен начин за дистрибуирање на вести.

Со проценката за реалната употреба на социјалните мрежи од страна на медиумите во Гана, „Penplusbytes [1]“, непрофитна организација која промовира ефективно владеење со користење на технологија во Африка, го објави својот прв Индекс на социјални медиуми (ИСМ) – извештај за печатените, радио и телевизиски куќи во Гана [2].

Според извештајот за медиумите [3] поднесен од „Penplusbytes“, индексот ја испитувал активноста на медиумските куќи на социјалните мрежи сè до 8 февруари 2016, и колку ефективно тие ги користат платформите на социјалните медиуми, особено Твитер и Фејсбук, за комуникација со нивната целна група. Извештајот опфатил 37 печатени весници за кои заклучиле дека работат и/или биле видливи на рафтовите во локалните киосци. Исто така биле прегледани 16 од 22 ТВ станици и 309 од 390 радио станици кои моментално работат во етерот.

Извештајот покажува слаба искористеност на социјалните мрежи од печатените медиуми. Многу од весниците во Гана немаат силно присуство на социјалните мрежи споредено со радио и ТВ станиците. Според извештајот, 20 од 37 весници имаат активни страници на Фејсбук, и само 6 имаат активни профили на Твитер.

Радио

Радио станиците во Гана, според извештајот, поактивно ги користат социјалните мрежи за дијалог со публиката за разлика од весниците. „Citi FM [4]“, една од највлијателните медиумски куќи во Гана, беше именувана како лидер во присуството на социјалните мрежи во Гана. Citi FM има повеќе од 600,000 допаѓања на Фејсбук [5] и верифициран профил на Твитер [6](првата медиумска куќа во Гана која доби свој верифициран профил на Твитер) со преку 265,000 следбеници.

Joy FM [7]“, уште еден влијателен медиум, води на Твитер со преку 330,000 следбеници [8].

Social Media Index Infographic of Ghana's Media House.

Инфографик на „Penplusbytes“ за Индексот на Социјални Медиуми на медиумските куќи во Гана. Фотографија искористена со дозвола.

Телевизија

Viasat 1 [9]“, приватна ТВ станица, беше телевизиската куќа со најсилно присуство на социјалните мрежи – има повеќе од 680,000 допаѓања  [10]- додека државната ТВ станица „Ghana Television News [11]“ има повеќе од 191,000 допаѓања [12] на Фејсбук.

Весници

Според извештајот, „Daily Graphic [13]“, најчитаниот весник во Гана, има најголем број на допаѓања на Фејсбук – преку 621,000 [14]. „Daily Guide“, весник во приватна сопственост, излезе прв во број на следбеници на Твитер – преку 12,000 [15].

Откако „Penplusbytes“ го промовираа нивниот извештај на фејсбук, од „Fundraising Africa [16]“, вебсајт за онлајн прибирање средства, коментираа дека [17]:

More and more Ghanaians are looking to social media for up to the minute news, so it's important for the local media houses to satisfy this need or else Ghanaians may end up favouring foreign media houses’ social media accounts.

Сè повеќе граѓани на Гана се осврнуваат на социјалните мрежи за најновите вести, па важно е локалните медиумски куќи да ја задоволат оваа потреба инаку на граѓаните на Гана би можеле да им станат омилени профилите на социјалните мрежи од медиумските куќи од странство.

Целосниот извештај може да се преземе тука [18].