- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: 10 години без пезетата

Категории: Западна Европа, Шпанија, Граѓански медиуми, Економија и бизнис

Билјана Велјаноска [1], Македонка која живее во Шпанија, пишала [2] за десетгодишнината од воведувањето на еврото, како и за кампањата [3] од 2001 според која цените немало да се зголемат. Општо земено, цените сепак се зголемиле (31%) и тоа во поголема мерка од платите (13%). Од друга страна, поефтиниле белата техника и автомобилите. Денес „кога се работи за поголеми суми, средновечните шпанците сакаат да ја имаат пред нив бројката во пезети. Помладите генерации го немаат тој проблем. Тие и не се сеќаваат на неа.“