- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Студентите протестираат против поделба на половите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Жени и род, Младина, Образование, Протест

Во четвртокот, на 4 март, илјадници студенти го продолжија протестот во Универзитетот Шираз (Shiraz) [1], против поделбата на половите. Студентите сакаат нивниот универзитет да стави крај на политиката која започна во февруари, со која се врши поделба на мажите и жените во посебни училници.

Студентите исто така побараа оставка од директорот на универзитетот и побараа подобри услови во студентските домови и мензите. Тие сакаат да добијат право сами да избираат свој претставник. На 4 март се одржа осмиот ден од протестите и повеќе блогери пишуваа за оваа сторија, додека медиумите од земјата ја игнорираа.

Ова е видео од едно од студентските движења, каде студентите ги извикуваат следниве пароли: „Ова е нашата последна порака, студентското движење е подготвено да се спротивстави.“

На блогот кој се нарекува „Социјалистички студенти од Бахонар (Bahonar) катедрата од Шијаз“, прочитавме [2]:

Неколку илјадници студенти извикуваа слогани како „Сигурноста и слободата се наше безусловно право“ (Иранската влада вообичаено го користи слоганот: Нуклеарната енергија е наше безусловно право). Универзитетот не е војничка база.

Блогерот додава дека универзитетските власти им ветиле на протестантите дека нивните барања ќе бидат исполнети уште на првиот ден од протестите, но изгледа ништо се нема случено во реалност.

Слободата на студентите во универзитетот е ограничена, поради присутноста на војската која наметнува дискриминација на жените и девојките, вели блогерот.

Друг блогер, „Социјалистички студенти на литература на Шираз универзитетот“, протестира [3] [Fa] за поделбата на половите во одделенија и го нарекува злочин против човештвото. Блогерот пишува дека некои студенти биле малтретирани и се поголемото присуство на војската е вознемирувачко за студентите.

Та Азади 86 напишал [4] [Fa] дека протестирањето ќе продолжи додека авторитетот расте. Блогерот вели:

Околу 10 студенти беа повикани да се појават на суд. Неколку универзитетски професори беа меѓу студентите. Басиџи (Basiji) силите сакаа да ги прекинат протестите, но студентскиот отпор ги оттурна.

АмирКабир Кабарнамех, водечки веб сајт за студентски информации, напиша [5] [Fa] дека неколку студентски фамилии биле контактирани од безбедносните сили и били побарано од нив да ги запрат своите деца од учество во протестите.