- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Карневалот во Струмица ја продолжува 350-годишната традиција

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Добри вести, Историја, Туризам, Уметност и култура, Фотографија

Струмичкиот карневал се одржа од 1 до 3 март 2014 г. Оваа традиционална прослава [1] првпат се споменува записите на османлискиот патеписец Евлија Челебија [2] во 1670 година, а оваа година беше претставена во напис на НБЦ Њуз [3] за 12 слични настани низ целиот свет.

Членови на карневалската група наречена „Рециклиран барок“. Фото: Ванчо Џамбаски (CC BY-NC-SA) [4]

Членови на карневалската група наречена „Рециклиран барок“. Фото: Ванчо Џамбаски (CC BY-NC-SA)

Фотоактивистот Ванчо Џамбаски ја сподели својата фотогалерија [4] од овогодинешниот карневал на Фликр, објавена под лиценцата Криејтив комонс.