Јапонските групи се борат за зачувување на мочуриштата

Влажни и мочурливи, изгледаат здодевно и бескорисно. Но, спротивно од нивниот изглед, калливите морски брегови или крајбрежните мочуришта имаат богат биодиверзитет и помагаат во одржувањето на рамнотежата на водниот циклус. За Јапонија, која поседува 46 од 2087-те регистрирани мочуришта во светот [pdf], нивната заштита е од суштинска важност.

Интересот за јапонските скапоцени мочуришта е меѓународен, бидејќи Јапонија припаѓа на Конвенцијата за мочуришта од меѓународна важност, попозната како „Рамсарска конвенција“, која промовира заштита и одржливо користење на мочуришта.

Но, општествените организации се оние кои приземјено и длабоко во кал ја водеа битката изминативе години за да ги заштитат овие вредни екосистеми од заканата од развој на земјиштето и загадување.

Промена на пејзажот

Wajiro Tidal Flat, image from wikimedia commons, photo taken on 2009 (CC BY SA 3.0)

Мочуриштето Ваџиро, слика од Wikimedia Commons, фотографија од 2009 г. (CC BY SA 3.0)

Асоцијацијата за спасување на мочуриштето Ваџиро, од градот Фукуока, водеше тешка битка повеќе од две децении за да ги зачува природните ресурси на родниот град, местото каде што се наоѓа мочуриштето Ваџиро.

Ваџиро, лоцирано во затворениот дел на заливот Хаката, е најголемото мочуриште на Јапонското Море. Рамнината е и важна попатна станица и место за презимување на птиците преселници.

Пејзажот на некогаш мирнoтo мочуриште во заливот Хаката започна брзо да се менува околу 1944 г. со конструкцијата на вештачки остров. Иако јапонскиот економски меур експлодираше во тоа време, владините претставници го направија развојот приоритет, и покрај сомневањата за проценка на животната средина на проектот.

Резултирачката промена на текот на плимата му наштети на водниот циклус, со дел од површината оштетена од алги.

Јапонското министерство за животна средина го одбра ова мочуриште како кандидат за именување како мочуриште на Рамсар од меѓународна важност во 2004 год., но назначувањето никогаш не се официјализира.

'Wajiro Tidal Flat at Sunset' KIRIE-Cutting Paper Art by Hiroko Kusuda used with permission

„Мочуриштето Ваџиро на зајдисонце“ КИРИ-Уметност со сечење хартија од Хироко Кусуда. Користено со дозвола.

 

Хироко Кусуда, уметница која создава уметност од хартија, и која ја промовираше Асоцијацијата за спасување на мочуриштето Ваџиро во 1988 г., го опиша во детали практичното, како и поетското значење на мочуриштето во една статија во Радикс, билтен на универзитетот Кјушу:

波静かな和白干潟は,子供たちを水で遊ばせ,人々を恵みの海産物でうるおします。四季を通じて魚貝類,エビやタコ,のり等の食物で人々の命を救い,干潟や浅海域の生物たちの営みで海水を浄化してきました。稚魚や稚貝を育て,和白干潟は生き物だちの命のゆりかごだったのです。
私の命一心も体もこの和白干潟を通して育まれました。自然の美しさや雄大さ,そして厳しさは,感性を豊かにします。和白干潟の自然とのかかわりは,私を創作活動へと導いていきました。大人になった今も,和白干潟は心の安らぎを与えてくれます。

Нежните бранови на мочуриштето Ваџиро им дозволуваат на децата да си играат во водата, им дарува на луѓето богатство од диви морски плодови, риби и школки, октопод и ракчиња, и алги во текот на годината. Мочуриштето е тука за да ја прочисти водата, грижејќи се за суштествата кои живеат во него и во плитките води, и негувајќи ги младите риби и школкестите морски суштества. Мочуриштето Ваџиро отсекогаш било лулка на животот. Тоа ги негуваше мојот ум и тело. Убавината, грандиозноста и строгоста на природата ни даваат емотивно богатство. Мојата врска со мочуриштето Ваџиро ме водеше до креативни активности. Сега, како возрасна, мочуриштето сè уште ми дава мир во умот.

 

'Spring in Wajiro Tidal Flat' KIRIE-Cutting Paper Art by Hirorko Kusuda used with permission

„Пролет во мочуриштето Ваџиро“ КИРИ-Уметност со сечење хартија од Хироко Кусуда. Користено со дозвола.

Продолжувајќи со своите напори, организацијата за спасување на мочуриштето секој месец одржува предавања за квалитетот на водата и песокот и организира јавни настани за чистење на морскиот брег за локалните жители. Учениците од локалните основни училишта редовно се поканети да го набљудуваат мочуриштето за да ги надополнат своите лекции.

Е.И. помогна во надгледувањето на учениците од основните училишта, и напиша на блогот на Асоцијацијата за тоа како организацијата ја предизвикала љубопитноста на децата за мочуриштето:

今日観察した鳥や、植物、貝殻、海藻の紹介の後、子どもたちから拾った鳥の羽の種類の質問や、アシ原になぜカニの巣穴があるの?などの質問が出されました。拾ったピンクや黄色の小さな貝殻は名前がわからないものもあり、守る会の宿題になりましたが、後で調べたら「ユウシオガイ」というそうです。和白小学校4年生の子どもたちの和白干潟での観察会はこれで終わりですが、2月末には学校で1年間の観察会の発表会があります。私たち守る会も毎年学校に出かけ、発表を楽しみにしています。

Откако нашиот тим објасни за птиците, школките и алгите што денес децата самите ги набљудуваа, учениците поставуваа прашања за видот на пердувите на птиците што ги најдоа или зошто леглото на раковите е во трските. Некои мали жолти и розеви школки што ги пронајдоа учениците, не можеа да се идентификуваат. Тоа стана наша домашна задача, да откриеме што се тие. При испитувањето, дознавме дека се Moerella rutila. Денес беше последната средба за набљудување на мочуриштето Ваџиро за четвртоодделенците. Но, на крајот на февруари има годишна презентација на годишното набљудување на децата во училиштето. Задоволство ни е да го посетуваме училиштето за тоа секоја година. Ние, членовите на Асоцијацијата за спасување на мочуриштето Ваџиро, со нетрпение очекуваме да ја видиме нивната презентација.

Плимата и осеката на конзерваторската работа

Во 2011 г., Рамсарската конвенција ја прослави 40-годишнината. Навраќајќи се на изминатите години, Сатоши Кобајаши, советникот на Мрежата за акција за јапонските мочуришта, длабоко размислува за извештајот на JAWAN дека јапонското долготрајно верување дека природата може да се владее, можеби конечно ќе започне да се менува. Мрежата за акција за јапонските мочуришта се бореше да ги зачува мочуриштата на национално и меѓународно ниво, уште од 1991:

これまで比較的長い間、日本人は高度な技術を制御し、自然を制御しようとしてきた。そしてそれらは制御できるものと思い込んできた。しかしながら、2011年、その思い込みは逆襲される。技術は時に制御できずに悲劇を生むことがあり、自然もまた制御できない側面を持っていることを思い知らされた。
ここで日本人が踏みとどまり、エネルギー政策、国土計画、公共事業の在り方を軌道修正していくことが出来れば、そして世界にモデルを示すことが出来れば、日本人は行動によって世界を変えていくことが出来るのではないか。

Релативно долго време досега, Јапонците се обидуваа да ја контролираат природата со користење на напредни технологии. Се држевме цврсто до идејата дека може да го направиме тоа. Но, во 2011, таа претпоставка беше побиена. Сфативме дека технологијата би можела да излезе од контрола и патем да предизвика трагедија. Исто така согледавме дека и природата би можела да оди подалеку од она со кое некој би можел да се справи.
Ако застанеме и размислиме, ако се префрлиме на креирање храбри иницијативи за промена на енергетската политика, на националното планирање и јавните работи, ако делувајќи така покажеме пример, тогаш би можеле да го промениме светот со преземање таква акција.

Една година подоцна, организацијата присуствуваше на Рамсарската конференција на договорните страни (COP11) во Букурешт, Романија. Откако учествуваше на конференцијата, г-дин Кобајаши објасни дека сега не е време еколозите да се тапкаат по грб. Напредокот во зачувување на мочуриштето е прашање на перспектива:

会議の運用規則等事務的な手続きが進む中、午前中の最後には条約の科学技術検討委員会(STRP)の議長ヘザー女史からの報告がありました。前回COP10に末娘8歳を連れて参加していたということで、最初にCOP10会議場の前で撮影された娘さんの写真を出しました。おかあさんはどんな業務に関わっているのか知ってもらおうと、会議の最後の方で数時間だけ、末娘に会場後ろの方で聴いていてもらったんだそうです。そして、韓国からの帰りの飛行機で会議はどうだったと尋ねると、「湿地保全の大事さは何となくわかったんだけど、私が大人になったらほとんど湿地が残されていないんじゃないかと心配になっちゃった」と娘さんが言ったんだそうです。「なんだか湿地の保全というのは、あまりにもゆっくりとしか進まさそうな調子だったし…」と続けられて、COP10が実り多い会議だったと思っていたヘザーさんは、言い返すことができなかったんだそうだ。子供恐るべしですね。

За време на правењето на техничките процедури како што се оперативните правила на состанокот, г-ѓа Хедер, претседателот на Комисијата за научен и технички преглед (STRP) ни кажа приказна на крајот на утринската средба. Таа ни покажа фотографија од нејзината ќерка, направена пред салата за конвенции на COP10. Таа ја земала својата најмала, осумгодишна ќерка на конференцијата за да ѝ покаже што работи нејзината мајка. Потоа, ѝ рекла да ја слуша конференцијата додека седи на крајот на салата само малку пред крајот на состанокот. Потоа, враќајќи се од Кореја, г-ѓа Хедер ја прашала ќерка ѝ што мисли за конференцијата. Ќерката одговорила „Мислам дека разбрав колку е важно да се заштитат мочуриштата, но сега се грижам дека тие нема да бидат тука кога јас ќе пораснам… Затоа што изгледа дека заштитувањето на мочуриштата едвај се развива…“ Г-ѓа Хедер изјави дека не можела да возврати ништо на ова, бидејќи мислела дека состанокот бил плоден.

Децата се паметни, зарем не?

Мрежата за акција за јапонските мошуришта секоја пролет промовира национална кампања, Ден на кампања за мочуриштата, организирајќи разни настани, како што се набљудување на природата, дискусии и уметнички изложби кои ќе помогнат да се подигне јавната свест за зачувување на биодиверзитетот на мочуриштата. Пријавувањето за групите кои сакаат да учествуваат сега е отворено.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.