Руски онлајн сервис бара од жените да платат за да ги потсетат нивните момчиња да им подарат цвеќе

Image edited by Kevin Rothrock.

Слика уредена од Кевин Ротрок.

Посетителите на новиот руски сервис „Сакам цвеќе“ ги пречекува следното прашање: „Помина долго време откако вашето момче Ви подари цвеќе?“ Потоа веб страницата ја уверува својата публика дека може да им помогне. Пред да се објасни како, понудени се четири објаснувања зошто момчињата не им подаруваат цвеќе на своите девојки: премногу се зафатени, не мислат дека тоа им е важно на жените, мислат дека цвеќињата се фрлени пари или мислат дека цвеќињата се подаруваат само на празници.

Со поинакво размислување, „Сакам цвеќе” објаснува што прави: не праќа цвеќе никому, туку праќа пораки на означените сметки на социјални медиуми со реклами за купување на цвеќе за девојките.

„Со користење на алатките за интернет рекламирање“, пишува интернет страницата, „ние внимателно го потсетуваме вашето момче дека поминало долго време откако ви подарил цвеќе и му нагласуваме дека цвеќето е важно за жените.“

Купувачите може да купат три вида на „потсетувачи“, цените се движат од 50 рубли (околу 40 денари) до 150 рубли (околу 120 денари), трошејќи повеќе пари на поголеми и повеќе нападни реклами. Заедно со плаќањето, на сервисот му е потребен линк од сметката на момчето на „Vkontakte“ и започнува автоматизираната романса.

“Drop the boyfriend a hint,” reads the main button. Image: I Want Flowers service website.

„Потсетете го момчето“ пишува на синото копче. Слика од страницата Сакам цвеќе.

Според страницата за новости TJournal, оваа страница започнала со работа на крајот на јануари. Предводена е од агенцијата за маркетинг AddZIP, со седиште во Санкт Петерсбург и Велики Новгород. Агенцијата на TJournal им кажала дека веб страницата е во целост комерцијален проект кој веќе создава приходи. AddZIP пранирале да направат слични сервиси, и за момчињата и за девојките, создадени да ги потсетат партнерите дека треба да прават различни дела еден за друг. (Нема никаков коментар за паровите од ист пол.)

Некои корисници на Vkontakte имаат забелешки за сервисот, сепак сите жени не би ја искористиле можноста да потрошат пари за интернет реклами со цел да ја подобрат нивната врска. На пример, Елена Очкова напишала за станицата „Сакам цвеќе“ на нејзината страница на Vkontakte, „Подобро ќе си купам самата некои мали лалиња отколку да фрлам пари за бескорисни, понижувачки глупости. Нели?“

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.