Политичката состојба во Малезија сигурно е во многу лоша состојба штом братот на премиерот ги споредува скорешните случувања во државата со холивудската серија „Игра на тронови“.
Назик Разак, брат на премиерот Наџиб Разак и претседател на втората по големина банка во државата, ги изрази неговите грижи од последиците од корупцискиот скандал во кој беше вмешана и владеачката партија. Во напис на инстаграм кој веднаш стана вирален во Малезија, Назир можел да најде паралели помеѓу политичките непогоди во Малезија и приказната во тв серијалот „Игра на тронови“, во кој различни фамилии во средновековно европски свет брутално се натпреваруваат за моќ.
Текстот во овој напис вели:
Па што имаме пред нас? Паралелите со ИнТ продолжуваат. Иднината ме преплашува: јас не можам да видам како нашите институции ќе се опорават, како нашата политичка атмосфера ќе стане помалку отровна, како нашата меѓународна репутација ќе биде поправена. Мислам дека мораме да паузираме, да го поправиме нашиот морален компас и холистички да се справиме со нашите структурални проблеми. Верувам дека ни треба втор Државен консултативен совет.
Минатата година, премиерот беше обвинет за заработување на речиси 700 милиони американски долари од државната инвестициска компанија 1MDB. Наџиб тврдеше дека парите на неговата лична банкарска сметка биле политичка донација од член на саудиската кралска фамилија. Проблемот предизвика протести низ Малезија, и некои од сојузниците на Наџиб дури повикаа на негова оставка.
Но на почетокот на оваа година, јавниот обвинител го прогласи за невин Наџиб, по сите обвинувања.
Сепак, ова прашање продолжува да прави поделби во државата. Многумина не се убедени дека Наџиб ги земал парите во име на владеачката партија.
Поранешниот министер Рафидах Азиз се запраша дали со оваа постапка јавниот обвинител ќе постави негативен преседан на идните политички донации. Фејсбук написот на Рафидах беше споделен повеќе од 5.000 пати:
…ЈО треба да биде подготвен да ги објасни деталите ..и импликациите на овие одлуки…
…..дали со ова се постави преседан, за тоа како донациите се префрлаат на индивидуи, преку приватни сметки, пари кои можат да се вратат …незадолжително во целост..И се смета за чиста работа ? Нема случај …?
Азиз, кој е член на владеачката коалиција, исто така го повика премиерот да научи од овој дебакл:
Можеби најважната ЛЕКЦИЈА за премиерот, да научи дека НИКОГАШ не треба да се бараат политички донации од некого, кои НЕ МОЖАТ да се објаснат јасно, на прв поглед. И ЗА КОИ ТРЕБА ДОЛГО ВРЕМЕ ДА СЕ ОБЈАСНАТ!
Особено од странци ! Или од КОЈ БИЛО!
Покрај локалната истрага, владата на Наџиб исто така се соочува со прашања од странски власти. Властите во Швајцарија објавија дека речиси четири милијарди американски долари се украдени од државните компании од Малезија, а Сингапур заробил одредени банкарски сметки поврзани со перење на пари.
Многу граѓани продолжуваат да се сомневаат во легитимноста на политичката донација:
@WSJ Саудијците дале 100 милиони $ на Палестинците во 2013 а донирале 681 милиони $ на личност како @NajibRazak?
— Норм (@_norman_g) enero 26, 2016
Саудијците дале 100 милиони $ на Палестинците во 2013 а донирале 681 милиони $ на личност како @NajibRazak?
Ако ја прифаќате одлуката на ЈО туку-така, тогаш ви судам силно. Навистина силно.
— Сјахреџан Јохан (@syahredzan) 27 јануари, 2016
Ако ја прифаќате одлуката на ЈО туку-така, тогаш ви судам силно. Навистина силно.
Додека другите се прашуваа како ќе продолжат работите по изјавата:
1) Кога се вратени парите? 2) Зошто се вратени парите? 3) Дали е редовна пракса „донациите“ да се враќаат?
— Умапаган (@umapagan) 26 јануари, 2016
1) Кога се вратени парите? 2) Зошто се вратени парите? 3) Дали е редовна пракса „донациите“ да се враќаат?
Други повикуваа на понатамошни истраги:
Откривањето на вистината за #1MDB скандалот треба премиерот Наџиб Разак да биде вкрстено испрашан на суд https://t.co/Sq0qgBLtSp
— Нурул Изах (@n_izzah) 14 декември, 2015
Премиерот Наџиб Разак треба да биде вкрстено испрашан на суд за да се открие вистината за скандалот #1MDBhttps://t.co/Sq0qgBLtSp
И конечно, малку хумор:
24) Ако „донациите“ и „подароците“ не подлежат на данок, може ли да побарам од мојот работодавач да прекине да ми дава месечна плата и одвреме-навреме да ми дава подароци?
— Умапаган (@umapagan) 26 јануари, 2016
24) Ако „донациите“ и „подароците“ не подлежат на данок, може ли да побарам од мојот работодавач да прекине да ми дава месечна плата и одвреме навреме да ми дава подароци?