- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Политичар покани ТВ камери да го снимаат како купува руски автомобил. Тие го фатија и неговиот часовник, кој вреди повеќе од автомобилот.

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Политика, Рунет Ехо
Dueling luxury watches. Vitaly Milonov's Maxi Marine Chronograph (left) vs. Dmitry Peskov's Richard Mille RM 52-01. Image edited by Kevin Rothrock.

Дуелирање со луксузни часовници. „Maxi Marine Chronograph“ (лево) на Витали Милонов против „Richard Mille“ на Дмитри Песков. Фотомонтажа од Кевин Ротрок.

Кога градскиот советник на Санкт Петербург, Витали Милонов, покани телевизиска екипа да го сними како купува автомобил произведен во Русија, тој веројатно не очекуваше дека неговиот часовник ќе биде во фокусот на вниманието. Но сепак, токму ова се случи, главно бидејќи се чини дека неговиот часовник е „Maxi Marine Chronograph“ (вреден помеѓу 8,500 [1] и 12,000 американски долари [2], во зависност од точниот модел). Во меѓувреме, автомобилот кој Милонов го купи – Лада Веста – чини само 9,000 американски долари (658,000 рубљи). Со други зборови, неговиот часовник можеби е поскап од неговиот автомобил, купување кое тој го исценира [3] за јавноста, како патриотски гест за поддршка на ослабената руската економија.

Милонов уплати половина од парите за автомобилот и се согласи на месечни рати за наредните три години со што ќе го доисплати износот. Според новинската агенција „LifeNews [4], Милонов заработил речиси 3.5 милиони рубљи (48,000 американски долари, по курсот од 1 јануари 2016) во 2014. Неговиот имот вклучува малечка парцела земја, апартман од 12,000 квадратни метри, и уште еден имот кој тогаш бил во изградба.

Дмитри Сукхарев, член на Фондацијата за антикорупција (здружение за транспарентност), беше еден од првите кој го привлече вниманието кон часовникот на Милонов, и на 30 декември на Твитер објави дека часовникот сега вреди повеќе од 1 милион рубљи, благодарение на намалувањето на вредноста на Руската валута. Твитер профил кој неофицијално го претставува Милонов набрзо реагираше [5], негирајќи ја информацијата, и го нарече Сукхарев „продавач на магла“.

Ooх. Милонов си купил не баш ефтин часовник. Благодарение на падот на рубљата, часовникот сега вреди повеќе од милион [рубљи].

Ова не е првпат како јавноста ги забележува скапите часовници на Милонов. Во јануари 2013, Данил Гумин се запраша [8] на твитер дали Милонов поседува „Patek Philippe“ (чија цена [9] знае да достигне и до 990,000 американски долари). На 3 април 2015, Андреј Закхаров постираше скриншот [10] од ЈуТјуб видео, прикажувајќи го Милонов со „Maxi Marine Chronograph“ кој исто така се чинеше дека го носи кога ја купи неговата Лада Веста минатата недела.

При купувањето на автомобилот, Милонов беше придружен и од неговото палто на кое се прикажани два таканаречени Баклановски крстови (еден напред и еден назад). Симболот ги вклучува последните зборови од Симболот на Верата [11]: „Го чекам воскреснувањето на мртвите, и животот во идниот век. Амин.“ Фразата на палтото на Милонов се појавува покрај череп и вкрстени коски – комбинација популаризирана [12] од козачкиот полк на рускиот генерал Јаков Бакланов во 1850. Денес, овој симбол е привлечен за некои поединци од руската православна заедница, каде може да се најде на „тренди“ облека [13] како маички и капи.

Фондацијата за антикорупција редовно објавува докази за екстравагантните животни стилови на политичката елита. Во август 2015, групата се прослави на светските насловни страни кога го откри часовникот [14] на Дмитри Песков, портпаролот на Владимит Путин, за кој се проценува дека вреди најмалку 625,000 американски долари.