Земајќи ја предвид тропската и суптропската клима, невообичаено е да се види снег на Тајван, освен ако не сте на 3,000 метри надморска височина во планиниските предели во зима. Сепак, поради негативна фаза на арктичката осцилација, најсилниот студен фронт во минативе 10 години го погоди Тајван на 24 јануари 2016, и во многу области под 1,000 метри надморска височина имаше врнежи од снег минатиов викенд.
Многу Тајванци ја искористија оваа исклучително ретка прилика да се фотографираат во снежниот пејсаж.
Бидејќи воздушната температура опадна многу побрзо од температурата на нивото на морето, ретко видениот морски чад беше забележан во јужен Тајван. Ова ЈуТјуб видео поставено од Ла-Лин Тсаи е снимено во Ксиаолиукиу:
Снежното време особено тешко ги погоди фармерите на риба и зеленчук, а смртните случаи поврзани со ладното време ја надминаа бројката од 40.
Таја Јумин живее во Мркванг во Хсинчу со нејзиното семејство. Таа рече дека на 25 јануари:
清晨,和媽媽到菜園裡,用水澆菜,也用手把葉子上的雪和冰拿掉,全身凍僵地在田裡工作,有說有笑地說要給菜做告別式。
Отидов со мајка ми на нашата фарма. Сипавме вода на зеленчукот и го отстранивме снегот и мразот од ливчињата. Работевме во полето додека не замрзнавме, но сепак се смеевме и рековме дека треба да одржиме церемонија за збогување од нашиот зеленчук.