- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонската Твитер-заедница организира втора крводарителска акција

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Здравје, Хуманитарен одговор

Група корисници на Твитер од Македонија организира крводарителска акција на 17 март 2014. во Скопје. Ова е втора таква акција, првата се одржа на 13 септември 2013.

Мобилизацијата за настанот се одвива на Твитер преку хаштагот #крводарители [2] и профилот @krvodariteli [3], како и преку настан на Фејсбук [4], три [5] влијателни [6] веб-сајтови [7], и различни [8] блогери [9] кои ја поддржуваат акцијата преку ширење на гласот и дистрибуција на банерот, чиј дизајн исто така бил донација од @banekoma [10].

Banner announcing the Blood Drive in Skopje, organized by the Twitter community.

Баерче за крводарителската акција организирана од Твитер-заедницата во Скопје. Настанот е закажан за 17 март 2014 година од 11 до 20 часот во Даре Џамбаз.