- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Објавени победниците на наградите „Биди њуз блогер“

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Младина, Слобода на говор

Диверсити медиа продукција, непрофитна организација посветена на развој на новинарството, слободата на говорот и демократијата во Македонија, ги објави (на македонски [1], албански [2] и англиски [3]) победниците на натпреварот за млади њуз блогери:  Новица Наков [4], Фатлуме Дервиши [5], и авторките на блогот МК демократија [6] – Моника Петровска и Маја Пероска.