Додека светот внимателно ја следи опасноста од цунами на Хаваи [1], Полјаците се обединуваат во позитивни емоции – прославувајќи го златниот медал освоен од страна на Џастина Ковалцки во крос кантри маратонот на 30 километри за жени во Ванкувер [2]. Полската платформа за микро-блогирање Blip.pl ги пренесе реакциите од полските гледачи за време на натпреварувањето.
Гледачите како што е dulak ги поставија [3] (на полски) нивните планови за гледањето на преносот:
dulak: Недостапен за да ја гледам трката на 30 километри. Се надевам на медал.
Desire ја искажа [4] (на полски) поддршката за Ковлацки:
desire: Јас навивам за Џастина Ковалцки 😉 #olimpiada
Maluminse [5]: (на полски) објавуваше вести во низа за случувањата:
#vancouver [6] Џастина ги смени ските. Веќе втор пат
#VANCOUVER [7] само Бјорген и Ковалцки ќе се борат за победата. Дали Џастина ќе изгуби по трет пат? Половина Полска се надева на медал, другата половина се надева на злато
#vancouver [8] 700 метри до крајот
#VANCOUVER [9] конечно на пиедесталот. Момент за историјата после 38 години
#VANCOUVER [10] 80 метри
Каналот [11] на Dulak (на полски) изнесуваше емоции од гледачите….
Не можам да издржам, неверојатна неизвесна борба #vancouver [12]
…. конечно споделување [13] (на полски) на добрите вести:
ИМАМЕ ЗЛАТО !!!
Desire додаде [14] (на полски)
Прекрасно Џастина! Каков емоционален финиш!! Ме заболе грлото!! Прекрасно прекрасно!!!! #olimpiada [15]
Cobrrra се приклучи во бодрењето со останатите, споделувајќи фотографија [16] од ТВ екранот со зборот ЗЛАТО!!! низ нејзе:
#VANCOUVER ЏАСТИНА ИМА ЗЛАТО!!!!
Во оваа фаза гледачите исто така ги споделија нивните импресии. PWNZOR искажа [17] вчуденевиденост (на полски):
#vancouver za [blip]: ZOMG, WTF, LOL!!!!! 1111 сериозно, Не очекував дека некој од нас ќе добие злато 😀
Structus призна [18] (на Полски) дека целото негово мало се радувало на добрите вести:
Какви емоции!! Прекрасен финиш, викотници насекаде низ државата и злато за Ковалцки #olimpiada [15]
Muszi дури и спомна [19] (на полски) за огнометите:
Соседот од радост ни приреди мало огномет шоу 😀 одлично завршена работа Џастина! [#olimpiada [15]]
После се добивме друга порака [20] (на полски) за бронзениот медал кој го освоија полските натпреварувачки во брзо лизгање:
Уште еден медал #vancouver! Каква вечер – тимот за брзо лизгање освои бронза! Колку прекрасна трка!
Каква ноќ за Полска! За повеќе вести на полски, побарајте ги двата хаштага на Blip.pl: #vancouver [12] и #olimpiada [15]. Видеото од финишот е достапно тука [21]!